Народниот правобранител отвори бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачкото право

April 4, 2024
1 min read

Во канцеларијата на Народниот правобранител, од денес, четврток (4. април 2024 година) на денот на започнувањето на кампањата за избор на Претседател на Македонија, па се до 8. мај 2024 година кога ќе се одржи вториот круг од Претседателските избори 2024 година и Парламентарните избори 2024 година, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

Сите непрaвилности граѓаните ќе можат да ги пријават во текот на предизборниот период како и на денот/деновите на гласањето, 24.4.2024 година и 08.05.2024 година.

Телефонската линија ќе функционира секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот и по пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, по примениот повик, или на снимената телефонска порака.

Народниот правобранител, со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи вклучени во изборниот процес и од другите институции кои се должни да им обезбедат заштита и остварување на загарантираните права на граѓаните.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Граничните премини кон Грција се проодни

Следно

На Боцвана и е дојдено и преку слоновите и преку Германија

Latest from Blog

Битола високо рангирана во проектот „Заедници со интегритет“, потенцира Коњановски

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се
Go toTop