Напуштените фабрики за наркотици на Асад доказ за размерот на илегалната трговија со дрога во Сирија

December 16, 2024
1 min read

ДАМАСК (АА) – Напуштени по падот на режимот на Асад во Сирија, фабрики за дрога финансирани од Владата се откриваат низ целата земја, јавува Анадолу.

Групите кои го соборија режимот открија погон за производство на дрога во фабрика лоцирана во Дума, област во главниот град Дамаск.

Видеото снимено од Анадолу откри дека работилница за пакување дрога оперира во подрумот на фабриката.

Во работилницата, дрогата се пакувала во намотки во електричните табли, подготвени за испорака. Дополнително, пронајдено е поголемо количество дрога скриено во разни предмети, меѓу кои и вештачки камења и калапи налик на овошје и зеленчук.

Во четвртокот овие групи ја запалија и уништија запленетата дрога и опремата за нејзино производство на Воениот аеродром „Мезе“ во Дамаск. Дрогата е идентификувана како „каптагон“.

– Трговијата со каптагон: Регионален проблем –

Во извештајот на Канцеларијата на Обединетите нации (ОН) за дрога и криминал се наведува дека главното потекло на пратките со каптагон се Сирија и Либан, и дека овие пратки стигнуваат до арапските земји од Персискиот Залив директно по копно, по морски пат или индиректно преку други региони.

Според извештајот на Институтот за Блискиот Исток за 2021 година, каптагон произведен во Сирија, вреден околу 6 милијарди долари, бил запленет во странство. Само во април 2022 година, во соседните земји на Сирија се запленети 25 милиони таблети каптагон во вредност од 500 милиони долари.

Додека една таблета од дрогата чини само неколку центи да се произведе во Сирија, каптагонот може да се продава и по 25 долари во богатите градови на Блискиот Исток како Ријад.

Трговијата со каптагон стана сериозен општествен проблем во соседните арапски земји, што ги принуди на преговори со режимот за да се запре снабдувањето со дрогата.

Башар ал-Асад, лидерот на Сирија речиси 25 години, побегна во Русија откако антирежимските групи ја презедоа контролата врз Дамаск, ставајќи крај на режимот на партијата Баас, која беше на власт во Сирија од 1963 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Објавен оглас за вработување на 600 нови полициски службеници

Следно

Гвардиола по поразот од Јунајтед: Не сум доволно добар, но јас сум шефот, па морам да најдам решение

Latest from Blog

Пронајдени остатоци од исчезнатиот авион во Индонезија – потрагата по патниците сè уште е во тек

Индонезиските власти денеска потврдија дека се лоцирани остатоците од надзорниот авион кој исчезна вчера со 11 лица. Потрагата по патниците и екипажот во планинскиот регион на провинцијата Јужен Сулавеси и понатаму е

Стојаноски: Филипче и Заев преку институции под нивна команда, сакале за багателна цена да ја земат клиниката Жан Митрев

Филипче и Заев сакаа да ми ја земат болницата – вака др. Митрев на гостување во емисија на национална телевизија обвини за груба злоупотреба на власта, од страна на Венко Филипче и

Wolt ја започна кампањата „Зима на Wolt+“ – три недели ексклузивни попусти за сите членови на Wolt+

Скопје, 17.01.2026) – Водечката платформа за достава во Македонија, Wolt, ја започна новата промотивна кампања, Зима на Wolt+, наменета за сите постоечки и нови корисници на претплатата на Wolt+. Во текот на

Денеска е Водокрст – навечерие на Богојавление

На 18 јануари, ден пред празникот на Крштението на Господ Исус Христос во реката Јордан – Богојавление, Црквата се подготвува за големото торжество што ја очекува следниот ден. Затоа, поради важноста на
Go toTop