Напаѓачот во банката во Луисвил бил поранешен вработен, пукањето го снимал и го пренесувал во живо на Инстаграм

April 10, 2023
1 min read

Осомничениот дваесет и тригодишник, според Си-ен-ен, бил известен дека ќе биде отпуштен од банката во Луисвил, каде што работел една година, по што напишал белешка до своите родители во која навел дека ќе пука во банката. Се додава дека тој го снимал и го пренесувал во живо пукањето во банката на социјалната мрежа Инстаграм

Полицијата го идентификуваше осомничениот напаѓач кој уби најмалку четири лица во банка во Луисвил, Кентаки, како Конор Старџен (23) кој бил вработен во банката, пишува Си-ен-ен.

Многубројни полициски екипи се присутни на местото на вооружениот инцидент во центарот на Луисвил/Фото: Принтскрин

Дваесет и тригодишникот, според Си-ен-ен, бил известен дека ќе биде отпуштен од банката во Луисвил, каде што работел една година, по што напишал белешка до своите родители во која навел дека ќе пука во банката.

Се додава дека тој го снимал и го пренесувал во живо пукањето во банката на социјалната мрежа Инстаграм. Снимката подоцна била избришана од социјалната мрежа, но се наведува дека полицијата го поседува видеото.

За време на нападот, осомничениот 23-годишник со пушка пукал во 13 луѓе, убивајќи четворица.

Загинатите се на возраст од 40, 57, 63 и 64 години. Останатите девет лица, од кои двајца полицајци и седуммина цивили, се повредени и се пренесени в болница. Тројца од повредените се во критична состојба, меѓу кои и еден полицаец кому му било пукано во главата.

Според полицискиот извештај кој го пренесе Си-ен-ен, напаѓачот бил застрелан и убиен на местото на настанот од страна на полициски службеници кои пристигнале во банката три минути откако ја добиле пријавата.

Гувернерот на Кентаки, Енди Бешеар, изјави дека еден од убиените во масовното пукање е негов близок пријател и нареди до петок оваа недела сите знамиња низ Кентаки да се веат на половина копје.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Украина и Русија разменија над 200 воени затвореници

Следно

Габриел Ескобар утре доаѓа во посета на Тирана

Latest from Blog

Кога страста и заљубеноста ќе поминат, еве кои особини мажите никогаш не ги забораваат кај жените

Машко-женските односи честопати делуваат комплицирано, вистинската поврзаност помеѓу мажите и жените не почива на големи гестови и површински особини. Љубовта што трае не се заснова на минливиот изглед, ниту на тоа колку

Хаос во Белград: Масовна тепачка меѓу српските навивачи (ВИДЕО)

Убедливата победа на Англија од 5-0 над Србија во Белград беше засенета од срамни сцени на трибините, каде што полицијата мораше да интервенира поради масовна тепачка меѓу домашните навивачи. Додека Англичаните доминираа

Поранешниот премиер на Тајланд и најбогатиот црногорски државјанин оди во затвор

Врховниот суд на Тајланд објави дека поранешниот премиер Таксин Шинаватра мора да отслужи едногодишна затворска казна за претходни пресуди за корупција и злоупотреба на службената должност. 72-годишниот Шинаватра, кого црногорските медиуми го
Go toTop