Нападнати полицајци во три одделни случаи

October 22, 2023
1 min read

реклама


Агресивно однесување и физички напади на полицајци се регистрирани во три одделни случаи.

Како што соопшти МВР, во првиот случај, утрово, во 2:00 часот во Куманово полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Г.Ј.(60) од Куманово. Тој физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

реклама

Во вториот случај, вчера во 1:30 часот во струмичкото село Просениково бил лишен од слобода И.М.(40) од истото село поради тоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Во третиот случај, пак, синоќа околу 20 часот во Спортско-рекреативниот центар „Кале“, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје. Тој за време на одржување на кошаркарски натпревар агресивно се однесувал кон полициските службеници, а потоа физички нападнал еден од нив додека извршувал службени дејствија.

реклама

За време на кошаркарскиот натпревар биле приведени и С.С.(37), М.Д.(34), Л.Л.(21), Л.Г.(19) и А.К.(21), сите од Скопје, поради непочитување на Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари.

По целосно документирање на случајот против сите ќе следува соодветен поднесок. 

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицевски: СДС и ДУИ го имаат рецептот за уништување на една држава, Македонија е празна поради нивните системски грешки

Следно

„Модерна смрт” – изложба на Петар Миљковиќ, Симона Новаковиќ и Мартин Џепароски

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,
Go toTop