Највисокиот маж на светот повторно на дружба со најниската жена на светот

February 20, 2024
1 min read

Највисокиот маж на светот, Султан Косен од Турција, повторно се сретна со својата „спротивност“- најниската жена на светот, Индијката Џиоти Амге. Средбата се случи во американската сојузна држава Калифорнија.

Турчинот, инаку, има 251 сантиметар, а Амге е висока 62,8 цм. Тие претходно се сретнаа и во Каиро, Египет, во 2018 година, на покана на тамошното Министерство за култура и туризам, при што ги посетија и пирамидите во Гиза. По шест години двајцата повторно се сретнаа во САД каде што заедно појадувале, а на крајот и се фотографирале за спомен.

Косен во 2014 година, во Лондон, Велика Британија, се сретна и со најниската личност во светот- Чандра Бахадур Данги од Непал (висок 54,6 цм), кој почина следната 2015 година.

Косен и Амге се дел од Гинисовата книга на рекорди од 2011 година. Во вторник патуваат за Лос Анџелес на покана на американски продуцент кој ќе ја овековечи средбата на највисокиот маж и најниската жена на светот.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Челзи сака да го ангажира Кејн на лето

Следно

„Полиграф“: Дали е точно тврдењето дека професорката Ванковска била отсекогаш против НАТО?

Latest from Blog

Премиерот Мицкоски утре во посета на ГАК, каде ќе биде заокружен процесот на реконструкција и набавка на нова опрема

Претседателот на владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски утре ќе ја посети Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. -Ве известуваме дека утре, 29.12.2025 година (понеделник), претседателот на
Go toTop