„Најважно е да ги провериме луѓето од видеото“ – српскиот амбасадор во Австрија вели дека властите од двете земји се во контакт

March 31, 2024
1 min read

Амбасадорот на Србија во Австрија, Марко Благојевиќ изјави дека Амбасадата е во контакт со надлежните служби на Србија и Австрија и прави се’ што е можно побрзо да се најдат лицата од видеото снимено од српски државјанин во Виена и да утврди дали во нив навистина била двегодишната Данка Илиќ, која исчезна пред шест дена во Бор.

На социјалните мрежи објавивме апел до секој кој има каква било информација да не контактира, австриската полиција или Министерството за внатрешни работи на Србија. Достапни сме 24 часа, на телефонската линија и во Амбасадата, во врска со сите можни информации кои би го потврдиле идентитетот на исчезнатото девојче, изјави Благојевиќ за „Косово онлајн“.

Тој посочува дека постапуваат во координација со надлежните служби во Србија и Австрија кои се занимаваат со овој случај.

Како што вели, сега е најважно да се провери кои се луѓето од видеото, за да се утврди дали девојчето кое било со нив е всушност малата Данка.

Амбасадата ги известила и српските клубови и здруженија во Австрија, за да се посвети дополнително внимание.

Криминалистичката служба на Виена претходно денеска покрена истрага за случајот со исчезнувањето на Данка Илиќ од Бор, која наводно била видена во главниот град на Австрија, потврдија од управата на виенската полиција за дописникот на „Косово онлајн“.

Нова трага во истрагата за исчезнатата Данка Илиќ се појави утрово во три и пол часот по полноќ, кога полицијата добила информација дека девојчето е видено во Виена во придружба на двајца романски државјани.

Граѓанинот на Србија, кој е сведок на видеото, дал изјава и снимката што сам ја направил е обезбедена. Мажот за случајот дознал преку социјалните мрежи. Точните околности, особено дали се работи за исчезнато девојче, се предмет на истрага која е во тек, изјави портпаролот на виенската полиција, Маркус Дитрих.

Околу 20 часот излегов од метро станицата и видов како дете бега и вреска. Прво набљудував, а потоа почнав да снимам. Сè се случи на една трамвајска станица. Со детето имаше две жени кои меѓусебно разговараа на романски. Го викаа детето со некое име, не разбрав кое, но девојчето воопшто не одговори“ вели во мејлот Србинот од Виена, кој потоа испратил и видео од детето до полицијата во Белград.

Многумина забележале дека на видеото, кое наводно е снимено на станица во Виена, се гледа како две возрасни жени го следат девојчето, но без да покажат никаква емоција или интимност кон неа.

Откако беше објавено видеото на девојчето од Виена, за кое се претпоставува дека е исчезнатата Данка Илиќ (2) од Бањско Поље, јавноста е вознемирена и полна со различни мислења за сличностите и разликите помеѓу девојчето од видеото и малата Данка, пишува „Блиц“.

Во меѓувреме, Интерпол распиша жолта потерница (потерница за исчезнати лица) за исчезнатата Данка, каде што се посочува дека таа во моментот на исчезнувањето носела виолетови панталони, маслинесто зелена јакна и косата и била врзана во опавче.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пронајдена девојката од Албанија што беше пријавена за исчезната

Следно

Инцидент во основно училиште во Ниш: Тројца ученици, учителка и наставничка се повредени откако на нив паднал видео бим

Latest from Blog

Николоски: Државата е посветена на препораките на УНЕСКО

Висока владина делегација оствари средба со највисокото раководство на УНЕСКО, на која беше потврдена јасната определба на државата за спроведување на преземените обврски за заштита на Охридскиот Регион како природно и културно

Расчистен подрумскиот простор на Центарот за култура во Прилеп

Подрумскиот простор на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, кој со години беше користен како несоодветен паркинг, повторно се враќа во својата намена и функционалност, соопштија од Општина Прилеп. Во координација

Европол: Разбиена криминална мрежа за шверц на кокаин од Јужна Америка во Исланд

Се проценува дека таа криминална мрежа остварила нелегална заработка од околу четири милиони евра од трговија со кокаин, се наведува во соопштението на Европол. Во координирана операција спроведена на 4 февруари уапсени

Стручна јавна расправа по однос на предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање

Во просториите на Министерството за транспорт денеска се одржа стручна јавна расправа по однос на предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање. Целта на истата е на најтранпарентен начин со

Соопштение од Општина Прилеп за состојбата и иднината на ФК Победа

Општина Прилеп со големо жалење ја прими веста за одлуката на раководството на ФК Победа за повлекување на сениорската екипа од натпреварувањето во Втората македонска фудбалска лига. Како институција која е секогаш
Go toTop