Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крива Паланка

March 19, 2024
1 min read

Најниска тепемература од 0 степени Целзиусови утрово е измерена на Попова Шапка. Потоа следат Лазарополе со 1 степен, 3 во Маврови Анови, 4 Берово, Крушево, 5 Претор, 6 Крива Паланка, Охрид, Битола, Гевгелија, 7 Прилеп, 8 Тетово, Демир Капија, Виница, Струмица, 9 во Скопје-Петровец, Штип, Велес, Кавадарци и 10 степени во Скопје-Зајчев Рид и во Дојран.

Најмногу наврнат воден талот за изминатите 24 часа до 07 часот има во Крива Паланка – 5 л/м2, како и во Охрид, Претор и Лазарополе каде е измерен 1 л/м2..

Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат, а облачноста ќе се намали. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени.

Во Скопје слично време со максимална температура до 12 степени.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Блинкен изрази надеж за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас пред претстојната посета на Блискиот Исток

Следно

156 санкции за брзо возењe, секој втор дивеел во населени места

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop