Најново решение за климатската криза: Да нема доволно паркинзи

December 1, 2023
1 min read

Во нормални времиња, паркинзи беа правени за да се спречи автомобилскиот хаос. Во САД уште 20-тите години на минатиот век се воведени политики за обезбедување минимум паркинг простор за новите објекти од секаков тип – станбени згради, банки или трговски центри – за секој кој живее, работи или посетува да има каде да се паркира.

Климатските воини сега тоа го свртуваат наопачки, водејќи се од податоците дека транспортот сочинува речиси една третина од емисиите на CO2 а колите прават значителен дел од тие емисии.

И еве им го решението: да нема доволно паркинзи. Така ќе се преобликувал урбаниот простор и ќе имало простор за погусто градење а луѓето, сакале или не, кога немаат паркинг, ќе морааат да се свртат кон јавен транспорт или да смислуваат други решенија за секојдневниот живот. И така ќе се намалат емисиите.

Не е ова само на ниво на налудничава идеја. На почетокот на ноември, Остин во Тексас стана првиот голем американски град кој го укина правилото за минимум паркинг места. Во некои помали места во прогресивната Калифорнија, тоа беше сторено и претходно.

„Ако сакаме половина од патувањата да бидат со нешто друго освен со автомобил, тогаш не можеме како град, да наложуваме секој дом или бизнис да има барем едно паркинг место за секој жител или клиент“, објаснува Зохаиб Кадри од градскиот совет.

На душа на паркинзите им се ставаат и други гревови: дека се скапи (велат и до 30.000 долари за едно паркинг место) и дека како големи асфалтирани површини, дополнително ги загреваат градовите.

 

 

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Драмски театар гостува во Београдско драмско позориште со претставата „Мојот маж“

Следно

Лавров: ОБСЕ нема што да слави

Latest from Blog

Николоски: Државата е посветена на препораките на УНЕСКО

Висока владина делегација оствари средба со највисокото раководство на УНЕСКО, на која беше потврдена јасната определба на државата за спроведување на преземените обврски за заштита на Охридскиот Регион како природно и културно

Расчистен подрумскиот простор на Центарот за култура во Прилеп

Подрумскиот простор на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, кој со години беше користен како несоодветен паркинг, повторно се враќа во својата намена и функционалност, соопштија од Општина Прилеп. Во координација

Европол: Разбиена криминална мрежа за шверц на кокаин од Јужна Америка во Исланд

Се проценува дека таа криминална мрежа остварила нелегална заработка од околу четири милиони евра од трговија со кокаин, се наведува во соопштението на Европол. Во координирана операција спроведена на 4 февруари уапсени

Стручна јавна расправа по однос на предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање

Во просториите на Министерството за транспорт денеска се одржа стручна јавна расправа по однос на предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање. Целта на истата е на најтранпарентен начин со

Соопштение од Општина Прилеп за состојбата и иднината на ФК Победа

Општина Прилеп со големо жалење ја прими веста за одлуката на раководството на ФК Победа за повлекување на сениорската екипа од натпреварувањето во Втората македонска фудбалска лига. Како институција која е секогаш
Go toTop