Најновиот руски напад врз Украина ја прекина струјата во неколку региони, најмалку тројца загинати

August 26, 2024
1 min read

 Украинската енергетска компанија „Укренерго“ утринава издаде наредба за воведување вонредни рестрикции на струјата по големиот воздушен напад на руската авијација врз неколку градови и региони во Украина.

Според најновите информации, во нападите загинале најмалку три лица, а петмина се повредени.

Укренегро нагласи дека вработените во електроенергетскиот систем континуирано работат на обновување на напојувањето.

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко изјави дека дел од главниот град на Украина е без струја.

Шефот на администрацијата на градот Лавов, Максим Козицки, на Телеграм соопшти дека руските сили нападнале енергетски капацитети во Лавовската област и затоа имало делумни прекини на струја во Лавов и регионот.

Управата на Запорожје соопшти дека биле нападнати критични инфраструктурни објекти, поради што може да дојде до вонредни прекини на електричната енергија.

Прекин на струја имало и во Кировоград, Полтава област, а во Житомир е прекинато и водоснабдувањето на градот.

По воздушниот напад во Одеса, по извесно време дојде до прекин на струја и вода. Поради прекин на струја, привремено е прекината работата на електричниот градски транспорт во Одеса, се наведува во соопштението од кабинетот на градоначалникот на Одеса.

Шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Андриј Јермак изјави дека желбата да се уништи енергетската индустрија, како што наведе, „скапо ќе ги чини Русите и нивната инфраструктура“.

Русија утринава изврши голем воздушен напад врз Украина, а експлозии се слушнаа во Киев и многу други градови.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Седница на Судски совет

Следно

Новости: Уапсен хрватски шпион во Србија

Latest from Blog

Отворен тренинг за сите – Омерагиќ со покана до јавноста

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти
Go toTop