Најмногу дожд во Претор и Крушево, од недела опаѓање на температурите и снег на планините

November 19, 2025
1 min read

Најмногу дожд денеска до 16:30 часот наврна во Претор и Крушево 16 литри на метар квадратен, 12 литри во Маврови Анови, 10 во Берово, 9 во Прилеп, осум во Пожаране, седум во Тополчани и Струмица, шест во Виница и Попова Шапка, пет во Лазарополе и Штип, четири кај Зајчев Рид и Тетово, три литри во Гевгелија, Демир Капија, Крива Паланка и Битола, два во Велес и еден литар во Кавадарци.

УХМР информира дека до крајот на денот ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне во југозападните и јужните делови, каде се очекува да наврнат над 30 литри на метар квадратен  за 24 часа. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утре наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно, претпладне и кон крајот на денот со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 19 степени.

Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Под влијание на циклонска активност ќе продолжи периодот на променливо облачно време со локални врнежи од дожд. В петок и во деновите од викендот повторно се очекуваат пообилни врнежи од дожд, над 30 литри на метар квадратен за 24 часа, локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на грмежи.

Од недела утринските и дневните температури значително ќе опаднат, а на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од слаб снег.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Битола подготвена за дождовите: Координативен состанок и интервентни мерки на терен

Следно

Меџити: Модерни клупи и столчиња за сите училишта во Чаир

Latest from Blog

ВЛЕН: Via est vita – започна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Политичката партија ВЛЕН денеска соопшти дека официјално започнува изградбата на автопатот Скопје–Блаце, кој го оценува како еден од најзначајните инфраструктурни проекти за поврзување на Северна Македонија со Косово. Од партијата посочуваат дека

Меџити: Нашата работа се гледа – започна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, денеска го оцени поставувањето на камен-темелникот на автопатот Скопје–Блаце како еден од најзначајните инфраструктурни проекти за земјата и за Албанците во Северна

ФОТО + ВИДЕО | СО ЧЕКАН ВО РАЦЕ: Израелски пратеник го урна палестинскиот споменик на Западниот Брег

Израелскиот пратеник од крајната десница, Зви Сукот, заедно со неколку соработници, со чекани го срушил споменикот посветен на загинатите Палестинци во селото Мадама на Западниот Брег, при што инцидентот предизвика осуди и
Go toTop