Најмногу дожд во Лазарополе, утринските температури од 4 до 14 степени

November 18, 2025
1 min read

Дваесет и два литра дожд на квадратен метар наврнало во Лазарополе во изминатите 24 часа, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Според мерењата на УХМР во 7 часот  за наврнат воден талог во деноноќие, 8 литри на квадратен метар се измерени во Маврови Анови, 7 во Пожаране, 6 на Попова Шапка, пет литри во Тетово, четири во Крушево, два во Скопје–Зајчев Рид и еден литар во Скопје-Петровец и Струмица.

Утрово најниска температура од 4 степени е измерена во Берово, 5 во Струмица, 9 степени во Скопје–Зајчев Рид, Кавадарци, Куманово, Тетово, Крушево и Маврови Анови, 10 во  Скопје-Петровец, Крива Паланка, Гевгелија и Лазарополе, 12 во Прилеп, 13 степени во Битола и Виница, 14 во Демир Капија, Велес и Штип.

За денеска УХМР прогнозира претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд.

-Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 литри на квадратен метар за 24 часа), локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 километри на час) и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 18 степени, соопшти УХМР.

Во Скопје денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, во делови од котлината повремено пообилни. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен јужен ветер. Максималната температура во главниот град ќе достигне 14 степени.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пет показатели дека во семејството постои токсична поврзаност

Следно

Да се раскине или не?

Latest from Blog

Иран со жесток одговор до САД : Пропаѓањето на нашата економија е илузија

Гувернерот на Централната банка на Иран, Абдолнасер Хемати, на состанокот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Бангкок во понеделник изјави дека тврдењата на САД дека економијата на Иран се урива се „илузии“,

„Ова не може да се спореди со ништо претходно, имотот на најпознатите американски брендови се уништува. Белата куќа молчи“

И покрај тоа што Русија ги интензивира нападите врз објекти во Украина поврзани со американски корпорации, американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација не реагираат на тоа на никаков начин, објавува CNN.
Go toTop