Најмногу дожд во Крушево, времето денеска нестабилно, наместа со поројни врнежи и грмежи

April 24, 2025
1 min read

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Крушево, 26 литри на квадратен метар.

Според мерењата на УХМР за наврнат воден талог  во изминатото деноноќие, до 8 часот се измерени 13 литри на квадратен метар во Крива Паланка, 10 во Штип, 8 во Скопје – Петровец, 7 во Демир Капија, 6 литри во Берово, 5 во Струмица, 4 во Кавадарци, Гевгелија и на Попова Шапка, 3 литри на квадратен метар воден талог се измерени во Тетово, Охрид, Куманово и Лазарополе, 2 во Скопје – Зајчев Рид, Виница и Маврово и 1 во Прилеп и Велес.

За денеска УХМР прогнозира променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Дневната температура ќе биде во интервал од 18 до 25 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе достигне 25 степени.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Жителите на Истанбул ја поминаа ноќта на отворено поради земјотресот

Следно

Павел: Трамп се залага за мир по секоја цена без оглед на последиците за Европа

Latest from Blog

Пресврт со серискиот убиец од Њујорк: Подготвен е да ги признае своите ужасни злосторства- убил 7 жени (ФОТО)

Според извор на NBC News запознаен со случајот, се очекува тој да се изјасни за виновен за сериските убиства на 8 април. Судските записи покажуваат дека рочиштето е закажано за тој ден.

Се огласија од Министерството за здравство: Нема недостиг на лекови за ретки болести

Од Министерството за здравство тврдат дека нема недостиг на лекови за ретки болести, односно оти непречено и во континуитет овие лица ја примаат потребната терапија. -До Министерството за здравство нема реакција од

Доцнат хонорари, се кратат часови за лична асистенција, а лицата со попреченост остануваат без соодветна поддршка

Доцнење на исплатата на хонорари, намалување на часовите за лична асистенција, недостиг од услуги за бездомните лица, како и примена на двојни стандарди – се дел од проблемите со кои се соочуваат

Хаверц и Ундав ја “скршија“ Гана!

ФОТО:facebook.com/DFBTeamEN/ Германија во пријателски меч вечерва во Штутгарт, успеа да ја победи Гана со 2:1. Стрелци на головите беа Хаверц од пенал и Ундав, додека за гостите стрелаше Фатаву. Натпреварот на „MHPArena“
Go toTop