Најмногу дожд наврнат во Пожаране и Лазарополе

October 5, 2024
1 min read

Во изминатото деноноќие најмногу дожд наврна во Пожаране и Лазарополе. Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи наврнат е воден талот од 65 литри на метар квадратен.

До осум часот утрово наврнати се 58 литри на метар квадратен во Маврови Анови, 57 во Дебар, 56 на Попова Шапка, 53 во Тетово, 48 во Крушево, 45 во Охрид, 31 во Скопје-Петровец и Крива Паланка, 28 во Скопје-Зајчев Рид и Куманово, 20 во Велес, 19 во Претор, 14 во Прилеп, 13 во Берово и Тополчани, 11 во Битола,  8 во Кавадарци, Виница и Струмица, 7 во Штип, 4 во Демир Капија и 1 литар  во Гевгелија.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа во источните делови пообилни, проследени со ретки грмежи. Максималната температура ќе достигне од 19 до 25 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и кон крајот на денот. Во делови од котлината врнежите ќе бидат пообилни, проследени со ретки грмежи. Максималната температура ќе достигне до 23 степени.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Екипи на турската Црвена полумесечина дистрибуираат храна и вода за жителите зафатени од поплавите во БиХ

Следно

Како македонските граѓани можат да донираат за настраданите во БиХ?

Latest from Blog

Николоски: Продолжува интензивната изградба на автопатот Прилеп – Битола

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, соопшти дека интензивно продолжуваат градежните работи на автопатот Прилеп – Битола, оценувајќи го проектот како еден од најзначајните инфраструктурни зафати во земјава. Според Николоски, изградбата

Единаесетгодишно момче е извлечено од урнатините во Венецуела, три дена по земјотресите (ВИДЕО)

„Пред неколку минути, 11-годишно момче беше спасено во Карабаледа. Во овој момент, секој живот е извор на надеж за Венецуела“, напиша Родригез на X, прикачувајќи видео од спасувањето на детето кон својата

БАРОТ НА СМРТТА СЕ РЕНОВИРА – во него настрадаа 41 лице, сега ја менува својата функција

Барот „Констелејшн“ во Кран-Монтана, Швајцарија, каде што 41 лице загина, а 115 беа повредени во пожар на 1 јануари, никогаш повеќе нема да биде ресторан, вети претседателот на кантонот Вале, Кристоф Дарбел.
Go toTop