Најмалку седум лица загинаа во пукање во синагога во Ерусалим

January 27, 2023
1 min read

Престрелката доаѓа еден ден откако израелските сили убија девет Палестинци, вклучително и најмалку еден цивил, за време на воен напад во Џенин, градот на Западниот Брег, кој стана жариште на вооружениот палестински отпор

Најмалку седум лица се убиени, а тројца се повредени во пукотница во близина на синагога во источен Ерусалим, објави „Вашингон пост“, повикувајќи се на извештајот на израелската полиција.

„Како резултат на нападот со пукање, констатирана е смрт на седум цивили, а тројца други се повредени“,

соопшти полицијата.

Во полициското соопштение се додава дека нападот се случил околу 20:15 часот по локално време, кога вооружениот напаѓач влегол во синагогата во населбата Неве Јаков и отворил оган врз верниците собрани на петочната молитва. Потоа истрчал назад на улицата, почнал да пука по минувачите, а потоа се обидел да избега од местото со автомобил пред да биде убиен од израелските безбедносни службеници на местото на настанот.

Фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI

Вооружениот маж, кој е идентификуван како 21-годишен Палестинец од источен Ерусалим, без криминално досие, според израелската полиција, се верува дека дејствувал сам. Полицијата соопшти дека трага по лицето кое го однело напаѓачот до местото на несреќата.

Престрелката доаѓа еден ден откако израелските сили убија девет Палестинци, вклучително и најмалку еден цивил, за време на воен напад во Џенин, градот на Западниот Брег, кој стана жариште на вооружениот палестински отпор. Во четвртокот вечерта, милитантите во Појасот Газа истрелаа најмалку 13 ракети врз Израел, што предизвика нови стравувања од пошироко насилство.

Инцидентот во Ерусалим наиде на остра осуда од американскиот Стејт Департмент, a го осудија и Европската Унија, Франција, Велика Британија и официјална Москва.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ковачевски и Донев зборувале и за санкционирање на секој што ќе ги наруши мирот и безбедноста на 4 февруари

Следно

Иран: Го истражуваме нападот врз Амбасадата на Азербејџан

Latest from Blog

Шкотска со нов селектор доаѓа во Скопје!

ФОТО:facebook.com/scotlandnationalteam Селекцијата на Шкотска и официјално има нов селектор, тоа е Белгиецот Себастијан Покољоли (39). Тој доаѓа на местото на Стив Кларк, по чие водство Шкотите и немаа којзнае каков настап на

ВИДЕО | НОВА КРВАВА НОЌ НА РУСКО ТЛО – Украински ракети ја погодија Белоградската област, шестмина загинаа

Украински ракети синоќа ја погодија руската Белгородска област, при што загинаа шест лица, а четворица се повредени. Меѓу повредените е и 14-годишно дете, соопшти вршителот на должноста гувернер, Александар Шуваев. Нападот уследи

Божиновска: Македонија се поврзува со нови извори на гас преку Грција и Србија

Приклучувањето на Македонија кон Вертикалниот гасен коридор претставува значајна стратешка можност за земјата да ја зајакне својата позиција на европската енергетска карта и да стане важна алка во регионалната и европската гасна
Go toTop