Најмалку осум лица загинаа во израелско бомбардирање на црква каде што имаше засолнети раселени Палестинци

October 20, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Најмалку осум лица загинаа во израелски напад врз историската грчка православна црква „Свети Порфириј“ каде што се засолниле раселени цивили во Појасот Газа, јавува Анадолу.

Во вестите објавени од палестинската новинска агенција ВАФА се наведува дека најмалку осум лица, меѓу кои деца и жени, се загинати, а десетици се повредени во израелски напад врз грчката православна црква.

Наведено е дека загинатите и повредените сѐ уште се под урнатините, а спасувачките и екипите на итна помош се обидуваат да дојдат до нив.

Нападот предизвика сериозна штета на историската црква, а уништена е и зградата во нејзина близина.

Наведено е дека од нападот целосно е уништена зградата на Советот на црковни претставници, каде што христијанските и муслиманските палестински семејства се засолниле во потрага по безбедно место.

Грчката православна црква „Свети Порфириј“, поврзана со англиканската црква во Ал-Кудс (Ерусалим), се наоѓа на околу 250 метри од баптистичката болница Ал-Ахла во Газа, која Израел ја бомбардираше на 17 октомври, предизвикувајќи смрт на стотици луѓе.

Познато е дека на подрачјето врз кое Израел изврши напад живеат околу 1.000 христијани, а оние чии куќи се уништени се засолниле во црквата и нејзините згради за заштита.

Грчката православна црква е трета најстара во светот, а нејзината оригинална градба датира од 425 година.

Израел ја бомбардира Газа по ненадејниот напад на Хамас на 7 октомври и ја стави целата енклава под блокада, оставајќи ги нејзините 2,3 милиони жители со малку храна, вода, гориво и медицински материјали.

Палестинското Министерство за здравство објави дека во израелските напади врз Газа досега загинале 3.785 лица, од кои 1.524 се деца, а над 12.000 се повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сончево и потопло со засилен ветер од јужен правец

Следно

Израел бомбардираше уште една џамија во Газа

Latest from Blog

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение
Go toTop