Најмалку едно лице загина во напад со беспилотно летало во западна Украина

February 27, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку едно лице загина, а четири се повредени во напад со беспилотно летало во западниот украински град Хмелницки, објави градоначалникот на градот Олександр Симчишин, пренесува Анадолу.

Тој на социјалната мрежа Телеграм објави и дека во нападот биле оштетени неколку згради.

„Овојпат непријателот употреби беспилотно летало. Во моментов има информации за еден загинат и четворица повредени“, рече тој.

„Пожарникарите и спасувачките екипи сè уште работат во областа“, додаде тој.

Претходно, во соопштението на Украинската војска е наведено дека Русија ја нападнала Украина од север со 14 беспилотни летала, тврдејќи дека 11 од нив биле уништени од системите за противвоздушна одбрана.

Русија на 24 февруари минатата година ја започна „специјалната воена операција“ во Украина.

Досега во конфликтот, кој сега е во својата втора година, загинаа повеќе од 8.000 цивили, а речиси 13.300 се ранети, покажуваат најновите податоци на Обединетите нации (ОН).



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Чавушоглу: „Невозможно е Туркије да го одобри членството на Шведска во НАТО без конкретни чекори“

Следно

Шахтите во Карпош ќе се чистат од глодари

Latest from Blog

Трипуновски: Секој кој има штета ќе биде обештетен

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствуваше на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи кој во проширен состав заседаваше во МВР. Во регионот каде што е пожарот во

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги
Go toTop