Најмалку едно лице загина, а триесетина се повредени во железничка несреќа во Холандија

April 4, 2023
1 min read

Би-би-си, повикувајќи се на извештајот од службите за итни случаи, пишува дека до несреќата дошло откако возот, кој пренесувал околу 50 луѓе, удрил во градежна опрема која била оставена на шините во близина на селото Воршотен во западна Холандија

Во последниот ажуриран извештај од службите за итни случаи се вели дека 19 лица се хоспитализирани, додека 11 лица се згрижени во куќите на локалните жители

Најмалку едно лице загина, а триесетина се повредени, од кои некои потешко, откако патнички воз излетал од шините во западна Холандија, соопштија локалните медиуми, пренесе Би-би-си.

Фото: EPA-EFE/REMKO DE WAAL

Би-би-си, повикувајќи се на извештајот од службите за итни случаи, пишува дека до несреќата дошло откако возот, кој пренесувал околу 50 луѓе, удрил во градежна опрема која била оставена на шините во близина на селото Воршотен во западна Холандија.

Локалните медиуми јавија дека по судирот избувнал пожар во задниот вагон на патничкиот воз.

Несреќата се случила околу 03:25 часот по локално време (01:25 часот по Гринич) во вторникот во селото Воршотен, кога возот делумно излетал од шините. Воршотен се наоѓа во близина на Хаг во западна Холандија.

Првичните извештаи сугерираа на тоа дека патничкиот воз се судрил со товарен воз.

Во последниот ажуриран извештај од службите за итни случаи се вели дека 19 лица се хоспитализирани, додека 11 лица се згрижени во куќите на локалните жители.

Холандските железници објавија дека по судирот, сите патнички возови меѓу градот Лајден и делови од Хаг се откажани.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Жозе Мурињо има шанса да се врати во Челси

Следно

Еден загинат и 30 повредени во железничката несреќа во Холандија

Latest from Blog

ШТО СЕ СЛУЧИ СО МИЛИЈАРДЕРОТ ПО УБИСТВОТО НА НЕГОВИТЕ ТРИ ДЕЦА… Има ли живот потоа?

Животот на данскиот милијардер Андерс Холх Повлсен беше обележан со ужасна трагедија во 2019 година. Три од неговите деца беа убиени во терористичкиот напад врз Шри Ланка, меѓу стотиците жртви. Животот на

Николоски и Караџов ќе потпишат договор за прекуграничен железнички тунел меѓу Македонија и Бугарија

На 6 ноември 2025 година, на железничката станица Ѓуешево, ќе биде потпишан Договорот за подготовка, изградба и работа на прекуграничен железнички тунел меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Договорот ќе го потпишат
Go toTop