Најмалку еден убиен и седуммина повредени во пукотници на автопат во близина на Ерусалим

February 22, 2024
1 min read

Најмалку едно лице загина, а седум други се повредени во пукање на автопат во окупираниот Западен Брег на периферијата на Ерусалим, пренесува Си-ен-ен.

Според Дејвид Адом од израелската национална служба за итни случаи и медицинска помош двајца од повредените и понатаму се во тешка состојба.

Престрелката се случила во близина на израелската населба Маале Адумим, се вели во посебна изјава издадена од единицата на полицискиот портпарол.

Полицијата ги оквалификува напаѓачите како терористи, но не даде дополнителни информации за тоа кои биле тие.

„Тројца терористи кои пристигнаа со возило, излегоа и почнаа да пукаат од автоматско оружје кон возилата кои стоеја во сообраќаен метеж на патот кон Ерусалим“, се вели во соопштението.

Во соопштението се додава дека безбедносните сили „неутрализирале“ двајца од напаѓачите на местото на настанот и уште еден кој се обидел да побегне.

Жртвите се здобиле со различни степени на повреди и се пренесени во болница за да добијат медицинска помош.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шведска ќе продолжи да води борба против терористичката организација ПКК

Следно

Туркије: Нахраниле изгладнета лисица со крекери и суџук

Latest from Blog

„Редовно се исплаќаат субвенциите на земјоделците“, истакна Трипуновски

Цветан Трипуновски, министерот за земјоделство вечерва во емисијата Бизнис 21 на ТВ21 демантираше дека на земјоделците им се должат 100 милиони евра. „Не знам од каде калкулациите дека се должат 100 милиони

Пријателски: Шпанија ја декласира Србија, Вирц донесе победа за Германија, без победник на “Вембли“!

ФОТО:.facebook.com/SeFutbol/ Вечерва се одиграа неколку пријателски средби на кои играа едни од фаворитите за највисок пласман на претстојното СП. Шпанија на стадионот “Керамика“ во Виљареал, очекувано ја победи Србија со убелдиви 3:0.

НАПАДНАТА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА: Покрената е итна истрага за инцидентот

Европската комисија истражува сајбер напад врз нејзините веб-страници, а првичните наоди укажуваат дека некои податоци можеби се украдени, објави денес ЕК. Извршното тело на ЕУ изјави дека нападот е откриен во вторник
Go toTop