Најмалку 9 Палестинци се убиени во израелски напад на пазар во Појасот Газа

August 21, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Најмалку девет Палестинци загинаа, а неколку се повредени во вторникот во израелски воздушен напад на пазар во градот Деир ал Балах во централна Газа, соопшти медицински извор.

„Една жена и две деца се меѓу жртвите“, изјави изворот за Анадолу.

Тој додаде дека бројот на загинати најверојатно ќе се зголеми бидејќи голем број од ранетите се тешко повредени.

Израелската војска ја класифицираше областа која беше цел на нападот како „безбедна зона за цивилите“ за време на тековната офанзива на Израел врз Појасот Газа.

Пазарот беше преполн со луѓе во моментот на нападот бидејќи се наоѓа во близина на станицата што ја опслужува областа Маваси западно од Хан Јунис, која Израел ја класифицираше како „безбедна зона“ за палестинските цивили.

Нападот се случи набргу по вчерашниот израелски напад на училиште во кој се убиени најмалку 12 Палестинци, место во кое засолниште побараа раселените лица во Газа.

Израел систематски гаѓа цивилни објекти, вклучувајќи училишта, болници и верски објекти, во текот на својата офанзива врз Појасот Газа, и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот.

Во израелските напади врз Газа од 7 октомври досега се убиени повеќе од 40.170 Палестинци, главно жени и деца, а повредени се над 92.740, објавија локалните здравствени власти.

По повеќе од десет месеци од почетокот на израелската војна, големи делови од Појасот Газа се разурнати.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна пресуда му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине воената операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од милион Палестинци побараа засолниште од војната пред градот да биде нападнат на 6 мај.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Денеска се отвора Меѓународниот стрип салон Велес 2024 и стрип колонијата

Следно

Новак Ѓоковиќ пристигна во САД и ќе одработи тренинг со Дел Потро

Latest from Blog

„Звуците на културата во Ѓорче 2026“ вечерва со богата програма за сите генерации

По досегашната програма исполнета со мјузикл, хип-хоп фестивал, театарска претстава, кино-проекции и содржини за најмладите, „Денови на Општина Ѓорче Петров 2026“ продолжуваат вечерва со нови настани во рамките на „Звуците на културата

Кина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море

Барањето следело по апелот на Саудиска Арабија до Пекинг..Хутите во изминатата недела ги засилија  активностите  долж брегот на Црвеното море. Тие напредуваа и во близина на стратешкиот теснец Баб Ел-Мандеб.Кина јавно повика

Флорентино Перес патува во Сеута за да се извини за гестот на Мбапе, Винисиус и Конате?!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, во петок ќе отпатува во шпанската енклава Сеута, објавија медиумите во Шпанија. Перес ќе биде придружуван од Емилио Бутрагењо и почесниот претседател на клубот, Хозе Мартинес
Go toTop