Најмалку 7 лица загинаа при уривање на пристраниште за траекти во САД

October 20, 2024
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Најмалку 7 лица загинале при уривање на пристаниште за траекти во американската сојузна држава Џорџија, известува Анадолу.

Локалната полиција соопшти дека луѓето од регионот Гула-Гичи се собрале на настанот организиран на висечко пристаниште за траекти по повод есенскиот фестивал во градот Мекинтош на островот Сапело, при што пристаништето се урнало и голем број луѓе паднале во морето.

Во несреќата животот го загубиле најмалку 7 лица. Голем број од повредените се хоспитализирани. Во тек се активности за пребарување и спасување на преживеаните, во кои се вклучени хеликоптери и чамци.

Американскиот претседател Џо Бајден објави писмено соопштение во кое изрази длабока тага поради несреќата и додаде дека внимателно го следи настанот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

АХВ: ЗОО Скопје иако детектирало угинато животно, не постапила по законски процедури

Следно

Четворица вработени од Зоо Скопје од утре под здравствен надзор, еден од нив ќе биде тестиран за птичји грип

Latest from Blog

КАКО СЕ ПРАВИ НЕПРОБОЈНО СТАКЛО ЗА АВТОМОБИЛИ и како се разликува од обичното

Иако терминот „непробојно“, поправилно е да се каже „отпорно на куршуми“, бидејќи степенот на заштита зависи од видот на оружјето, муницијата и брзината на проектилот. Повеќето возачи, при избор на нов автомобил,
Go toTop