Најмалку 7 лица, од кои 5 се од исто семејство, се убиени во израелски напади врз Газа

May 10, 2025
1 min read

ГАЗА (АА) – Седум Палестинци, од кои петмина од исто семејство, се убиени во нападите на Израел врз Појасот Газа, известува Анадолу.

Според информациите добиени од здравствени извори, мајката, таткото и нивните три деца ги загубиле животите во бомбардирањето што израелските воени авиони го изведоа врз населбата Сабра во јужниот дел на градот Газа.

Палестинец е убиен во израелско бомбардирање на населбата Туфа во источниот дел на градот Газа.

Израелската армија изврши воздушни и копнени напади и врз населбата Шуџаја.

Палестинско дете е убиено од истрели на израелските војници на северниот брег на градот Рафа.

Две лица се повредени во артилериски напад врз локација на која биле собрани цивили во западниот дел на Рафа.

Очевидци изјави дека израелската армија започнала спорадични артилериски напади во текот на ноќта врз областа Абсан ал-Кабира источно од Хан Јунис и северно од бегалскиот камп Нусејрат.

Повеќе од 172.000 Палестинци се убиени или повредени, претежно жени и деца, во израелските напади од 7 октомври 2023 година, а над 11.000 се водат за исчезнати.

Нападите продолжуваат и покрај меѓународните повици и одлуките на Меѓународниот суд на правдата за нивно запирање.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Утре авионска дезинсекција против комарци во Скопје

Следно

ФИФА одлучи: 48 екипи за Светското првенство во фудбал за жени

Latest from Blog

Се најавува американска војска на иранска територија но, САМО 7% АМЕРИКАНЦИ ГО ПОДДРЖУВААТ ТОА

Трамп тврди дека има дипломатски сигнали за преговори со Иран но, од друга страна неговиот највоинствен министер најавува решавачка воена операција против Иран. Секретарот за одбрана, Пит Хегсет, упати остра порака до

Стојаноски: Обвинувањата на Филипче за корупција се небулозни, а мерките што ги предлагаат им се препишани од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, упати критики кон СДСМ и Венко Филипче, оценувајќи дека нивните обвинувања за корупција се небулозни. Во гостување во емисијата „Наткаст“ со новинарот Љупчо Цветановски, Стојаноски изјави дека

Николоски: Хистеријата на Левица носи застој во градењето и сè поскапи станови, а младите се иселуваат

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од
Go toTop