Најмалку 5 Палестинци се убиени од израелската армија додека чекале помош во Газа

June 15, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку петмина Палестинци се убиени чекајќи да добијат помош, а повеќемина се повредени од истрели на израелската армија во Појасот Газа денес, соопштија локалните медиуми, известува Анадолу.

Израелските сили отворија оган врз Палестинците кои чекаа храна во близина на израелски центар за дистрибуција на помош во Коридорот Нецарим во централна Газа, убивајќи три лица, соопшти официјалната новинска агенција Вафа, повикувајќи се на медицински извори.

Уште двајца Палестинци се убиени, а десетици се повредени од израелски истрели во близина на друг дистрибутивен центар во Рафа во јужна Газа, објави агенцијата Вафа.

Неколку жители на палестинската енклава се повредени во друг израелски напад врз цивили кои чекале да добијат помош во градот Хан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа, се наведува во веста.

Израел го блокира влезот на хуманитарна, прехранбена и медицинска опрема во Газа од 2 март, што предизвика до широко распространета глад и речиси колапс на здравствениот систем во палестинската енклава.

Отфрлајќи ги меѓународните повици за прекин на огнот, израелската армија спроведува брутална офанзива против Газа од октомври 2023 година, во која се убиени речиси 55.300 Палестинци, повеќето жени и деца.

Минатиот ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел е обвинет за геноцид во Меѓународниот суд на правдата за својата војна против енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФОТО РЕПОРТАЖА: Ѓоновица – Бисер на спелеолошкото наследство

Следно

Три сообраќајки вчера во Тиквешијата

Latest from Blog

Партијата на Путин убедливо победи на изборите на руската Државна дума

Според првичните резултати, владејачката „Единствена Русија“ освои најмногу гласови, додека втора беше Комунистичката партија на Русија. „Единствена Русија“ освои 57,54 отсто од гласовите според првите обработени податоци, соопшти Централната изборна комисија на

ИЗБОРНА КАТАСТРОФА ЗА ЦДУ И МЕРЦ – партијата падна на цензусот од 5%

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го призна тешкиот изборен пораз на ЦДУ на покраинските избори во Мекленбург-Западна Померанија, каде што партијата едвај остана над изборниот праг. По уште една тешка изборна вечер за
Go toTop