Најмалку 30 загинати во Пакистан, откако патнички воз излета од шините

August 6, 2023
1 min read

Поради големиот број повредени, кои се бројат на десетици, во локалните болници е погласена вонредна состојба, пренесува АФП

Најмалку 30 лица ги загубија животите, а десетици други се повредени кога патнички воз денеска излета од шините во јужен Пакистан, соопштија властите на земјата, јавуваат светските агенции.  

Во несреќата осум вагони излетале од шините / Фото: EPA-EFE/NADEEM KHAWER

Поради големиот број повредени, во локалните болници е погласена вонредна состојба, пренесува АФП.  

Несреќата се случила во близина на железничката станица Сахара, во близина на градот Навабшах во јужната провинција Синд. 

„Ова е навистина голема несреќа“,

изјави министерот за железница, Хаваџа Саад Рафике за медиумите. 

Според министерот во возот „Хазара експрес“ имало најмалку илјада патници кога излетал од шините на дел од пругата, каде претходно немало пријавено никакви проблеми.  

 „Постојат две можни причини – механички дефект, или некој направил дефект. Можна е саботажа“,  

рече Рафик.

Тој најави дека ќе биде спроведена истрага која ќе треба да ги утврди точните причини за несреќата.  

Во несреќата, според локалните медиуми, осум вагони излетале од шините. 

Инаку, како што пренесуваат агенциите, „Хазара експрес е патнички воз кој секојдневно патува 33 часа од пристанишниот град Карачи на југ, до Хавелиан, во провинцијата Кајбер Пахтунхва, која се наоѓа на север, на оддалеченост од околу 1 600 километри.  

Железничките несреќи се чести во оваа земја, која има речиси 7 500 километри железница, која годишно превезува повеќе од 80 милиони патници. 

Во јуни 2021 година, два воза се судрија во близина на Дахарки во провинцијата Синд, при што загинаа најмалку 65 луѓе, а беа повредени околу 150. 

Најмалку 75 патници загинаа во пожар во експресниот воз „Тезгам“ во октомври 2019 година, додека во судир на два воза во Готки во 2005 година загинаа повеќе од 100 луѓе. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Холандија и Шведска изборија четвртфинале на женскиот фудбалски Мундијал

Следно

Се влошува ситуацијата во Словенија: Пукна насипот на реката Мура, наредена евакуација на неколку села

Latest from Blog

Германија е домаќин на преговори за прекин на огнот во Украина

Германија стана центар на дипломатските напори за постигнување прекин на огнот во Украина овој викенд, домаќин на американски и украински делегации за клучни разговори. Овие разговори претходат на самитот што ќе се

Катица Јанева излезе од „Идризово“, доби условен отпуст

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева од понеделникот е на условен отпуст и го напушти затворот „Идризово“, откако издржуваше дел од седумгодишната затворска казна изречена во предметот „Рекет“, објави СДК. Како што

ЗК Пелагонија со „АгроЕкоСтаница“ ги отвора вратите за зелени вештини и паметно земјоделство

Центарот за обука на ЗК Пелагонија отвори уникатна можност за идните, но и за постоечките земјоделци, ученици и студенти да учат од реални примери, да предвидуваат ризици, да применуваат современи технологии и

Евровизија пропаѓа: Уште еден победник го враќа трофејот поради учеството на Израел (ВИДЕО)

Откако победникот на Евровизија 2024, Немо, јавно објави дека го враќа својот победнички трофеј на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), друг победник на Евровизија одлучи да го стори истото. Тоа е ирскиот пејач
Go toTop