Најмалку 28 убиени Палестинци во израелски напад врз училиште каде се засолнети раселените жители на Газа

October 10, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Најмалку 28 Палестинци се убиени, а десетици се повредени во нов израелски напад врз училиште во кое се засолнети раселените цивили во централниот дел на Појасот Газа денес, соопшти Министерството за здравство, јавува Анадолу.

Околу 54 лица се повредени во нападот што го имаше за цел училиштето Руфаида во градот Деир ал Балах, се додава во соопштението на Министерството.

„Окупациската армија беше свесна дека илјадници раселени деца и жени кои биле оттргнати од нивните домови се засолнети во ова училиште“, соопшти владината канцеларија за медиуми на Газа.

Според канцеларијата за медиуми, околу 190 засолништа биле бомбардирани од израелската Армија од избувнувањето на израелската војна во Газа на 7 октомври 2023 година.

„Ова ново злосторство доаѓа во време кога здравствената состојба во централна Газа, каде што живеат повеќе од еден милион луѓе, е веќе тешка“, се додава.

Израел систематски гаѓаше цивилни објекти, вклучително и училишта, болници и места за богослужба, во време на неговата тековна офанзива на Појасот Газа.

Според правилата за војна, нишанењето такви цивилни објекти може да претставува воено злосторство.

Израел продолжува со својата брутална офанзива врз Појасот Газа и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот.

Според локалните здравствени власти, оттогаш се убиени повеќе од 42.000 луѓе, главно жени и деца, а над 97.700 се повредени.

Израелските напади се причина за раселување на речиси целото население во Појасот Газа, а тековната блокада доведе до сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови.

Израел се соочува со обвинение за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите акции во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од денес почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип

Следно

Туркије и Албанија потпишаа 4 договори за соработка

Latest from Blog

КОШУТИЌ: Институциите да утврдат дали има одговорност за наодите од ревизијата

Генералниот директор на ЖРСМ Транспорт, Дејан Кошутиќ, очекува надлежните институции, меѓу кои и Јавното обвинителство, да ги разгледаат наодите од конечниот извештај на Државниот завод за ревизија и да преземат мерки во

Нови перспективи за новото лидерство: заврши 17. Школа за млади лидери на претседателот Иванов

Со завршна свеченост во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, на 6 ноември заврши седумнаесеттата Школа за млади лидери на претседателот Иванов, посветена на темата „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам“. Годинашното издание

„И Здравје и Работа“: Македонија треба да ги следи европските политики за критични суровини и да создаде услови за одговорно рударство

Европскиот извештај е поттик за усогласување на законодавството, развој на рударството и искористување на потенцијалот на домашните минерални ресурси Европската Унија јасно укажува дека критичните минерални суровини имаат стратешко значење за европската

„Паркинзи Битола“: Приходот од 2.747 СМС-пораки за роденденот на градот ќе оди за хуманитарни цели

И покрај тоа што паркирањето во Битола било бесплатно по повод „Роденденска Битола“, 1.363 корисници испратиле вкупно 2.747 СМС-пораки за регулирање на паркинг-сесиите, соопштија од „Паркинзи Битола“. Од јавното претпријатие најавија дека

Ангел Анѓушев: Добрата цена сама по себе не е доволна за успех на странските пазари

Квалитетот на производите и доследното почитување на меѓународните стандарди се предуслов за компаниите да бидат конкурентни на странските пазари, порача Ангел Анѓушев, оперативен директор на „Грин машинс“ и член на Управниот одбор
Go toTop