Најмалку 26 загинати и 43 исчезнати по силниот земјотрес што ги потресе Мјанмар и Тајланд

March 28, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 25 лица загинаа во Мјанмар и едно лице во Тајланд, а 43 се исчезнати откако силен земјотрес со интензитет од 7,7 степени го погоди регионот Сагаинг во Мјанмар денес, јавува Анадолу.

Според Геолошкиот институт на САД, првиот потрес бил проследен со уште еден земјотрес со јачина од 6,4 степени само 12 минути подоцна.

Во тајландскиот главен град Бангкок се урнала висококатница во изградба во округот Чатучак, при што едно лице загинало, а 43 се затрупани под урнатините, пренесе Таи ПБС.

Во градот Таунгу во Мјанмар се урнал манастир, при што загинале пет деца, јави Елевен Медија Груп.

Најмалку 20 лица го загубиле животот во џамијата „Шве Фо Шинг“ во регионот Мандалај за време на петочната молитва, објави Кит Тит Медија.

„Џамијата се урна додека се молевме. Урнати се околу три џамии. Има затрупани луѓе. Засега бројот на загинати е најмалку 20, но можно е да биде уште поголем“, изјави еден од спасувачите.

Спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по преживеани.

Историскиот мост Ава во Мандалај, исто така, се урнал во земјотресот, а оштетен е и историскиот дворец во Мандалај.

Државната телевизија МРТВ, повикувајќи се на изјава од Државниот административен совет, соопшти дека Националниот комитет за управување со катастрофи прогласил вонредна состојба во погодените региони: Сагаинг, Мандалај, Магве, североисточната држава Шан, областа Нај Пи Та и регионот Баго.

Тајландските власти, исто така, прогласија „вонредна зона“ во Бангкок по земјотресот, објави тајландскиот ПБС њуз.

Во Нај Пи Та, главен град на Мјанмар, голема болница примила многу повредени лица.

Двата земјотреса, со длабочина од 10 километри, предизвикаа прекин на мобилната комуникација.

Локалните медиуми споделија фотографии од оштетени згради и патишта, а потресите беа почувствувани и во соседните земји.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

597 сообраќајни прекршоци вчера на патиштата низ државата, 200 за непрописно паркирање

Следно

Левандовски испиша историја

Latest from Blog

Трамп: Мигрантите ја презедоа Франција, мора итно да ги затворат границите (ВИДЕО)

Во најновата објава на социјалната мрежа Truth Social, тој упати уште една остра порака до француските власти. „Мигрантите ја презедоа Франција. Тие мора да ги затворат границите, и тоа брзо!“, напиша Трамп.

Флик сака искусен лидер во одбраната: Ван Дајк е на радарот на Барселона

Ханси Флик веќе размислува за засилување на одбраната на Барселона за следната сезона, а едно од имињата што се поврзуваат со каталонскиот гигант е Вирџил ван Дајк. Според пишувањето на каталонскиот медиум

Промет од 10,25 милиони денари на Берзата, МБИ10 намален за над 100 поени

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 19.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.905,21 поени. Во однос

Коњановски: Од улици и спортски терени до дневен центар – битолчани со предлози за новиот буџет

Инфраструктурата, образованието, спортот, културата и социјалната заштита беа меѓу областите за кои битолчани предложија проекти на денешната прва сесија од Буџетскиот форум за подготовка на општинскиот буџет за 2027 година. Општина Битола
Go toTop