Најмалку 19 загинати во сообраќајна несреќа, ужас во Бангладеш

March 19, 2023
1 min read

Најмалку 19 лица загинаа денеска, а 12 се тешко повредени во сообраќајна несреќа во Бангладеш, соопшти локалната полиција.

Се претпоставува дека возачот изгубил контрола над возилото по што автобусот излетал низ заштитната ограда на неодамна изградениот автопат и паднал девет метри надолу во каналот.

„Несреќата се случила во Шибчар, на југот на земјата, а сите повредени се префрлени во болница во главниот град Дака“, изјави началникот на локалната полиција Масуд Алам.

Сообраќајните несреќи се чести во Бангладеш поради лошото одржување на возилата и патиштата, како и поради недоволната обука на возачите.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Албанскиот државен врв го поздрави вчерашниот постигнат договор меѓу Косово и Србија

Следно

Првостепениот суд во Лерин одби повеќе тужби и барања за забрана на Центарот за македонски јазик во Грција

Latest from Blog

Фото: Забава со 700 гости за 18 роденден на ќерката на српскиот пејач Саша Матиќ, Тара

Како што се очекуваше, на забавата пристигна скоро целата српска естрада, бидејќи популарниот сале е одличен пријател со скори сите негови колеги и колешки. Секако исти релации одржува и целото негово семејство. 

Севиља се спаси од пораз против Елче

Иако важеше за фаворит пред стартот на дуелот, сепак, тимот на Севиља во премиерниот дуел од викенд колото во Шпанија, на свој терен против тимот на Елче успеа да одигра само 2:2.

Николоски од Прилеп: Ќе го поврзиме градот со целосно автопатско решение

Вечерва на промоција на кандидати за советничката листа и промоција на кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, се обрати потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Николоски ги посочи проектите и плановите кои треба
Go toTop