Најмалку 18 загинати во сообраќајна несреќа во Мексико

May 1, 2023
1 min read

БОГОТА (АА) – Најмалку 18 лица загинаа, а 33 се повредени во автобуска несреќа во Мексико. Несреќата се случила откако автобус излетал од патот и паднал во провалија, известува Анадолу.

На автопатот Тепик – Пуерто Ваљарта во мексиканската држава Најарит, на југот од земјата, автобус излетал од патот и паднал во провалија откако возачот ја загубил контролата над возилото.

Во несреќата животот го загубиле 18 лица, меѓу кои 11 жени, а 33 се повредени.

Канцеларијата на државниот обвинител соопшти дека автобусот го напуштил Халиско и се движел кон местото Компостела, во околината на градот Гвадалахара.

Во тек е истрага во врска со несреќата. На објавените снимки се гледа дека автобусот е целосно уништен.

Според податоците на мексиканската институција, Мексико се наоѓа на 7. место во светот и на 3. меѓу земјите од Латинска Америка според бројката на сообраќајни несреќи со смртни последици.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Курти: Нема да дозволиме нова Република Српска во Косово

Следно

Кога времето ќе го претвориш во пари

Latest from Blog

ОД ПЕНЗИЈА – ВО КАБИНЕТ НА ПРЕМИЕРОТ: Поранешниот генерал на НАТО доби важна улога во Литванија

Литванскиот премиер Миндаугас Синкавичиус го назначи пензионираниот германски генерал-полковник Јирген Јоаким фон Сандрарт за свој советник за одбрана, објави денес владата на земјата. „Неговото знаење и практично искуство во зајакнувањето на одбраната

Божиновска: Инвестицијата во младите инженери е инвестиција во македонската иднина

Македонија има иднина, а нејзината иднина се младите, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска по посетата на Машинскиот факултет, каде што беше претставен новиот болид на MES Racing.
Go toTop