Најмалку 14 Палестинци, повеќето деца, загинаа во израелските напади врз Газа

June 21, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Најмалку 14 Палестинци, меѓу кои и деца, загинаа во новите израелски воздушни напади во различни делови на Појасот Газа, јавува Анадолу.

Според државната палестинска новинска агенција ВАФА, израелски воени авиони бомбардирале куќа во бегалскиот камп Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа. Во нападот загинати се двајца Палестинци, а 12 се ранети.

Многу луѓе се повредени во интензивните артилериски напади што израелската армија ги изврши врз бегалските кампови Бурајџ и Мегази.

Најмалку осум Палестинци загинаа во напад на израелски воени авиони врз областа Аз-Зејтун во југоисточниот дел на градот Газа.

Медицинските тимови ги извлекоа телата на трите деца од семејството Ал Раи и нивната мајка од урнатините на нивната куќа што пред два дена беше бомбардирана од израелски авиони во кампот Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа.

Министерството за здравство во Газа вчера соопшти дека 37.431 Палестинец, вклучувајќи најмалку 15.517 деца и 10.279 жени, се убиени во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври.

Се претпоставува дека под урнатините се наоѓаат илјадници загинати Палестинци.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Финансиски хороскоп за јули 2024 година: Еве кој треба да игра Лото, кој да очекува бонуси и кој се соочува со финансиска пропаст

Следно

Огромни загуби на вода, до кога?

Latest from Blog

Трамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!

Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена

Protestuesit nisin të mblidhen para Qeverisë

Qytetarë të shumtë kanë nisur të mblidhen edhe sonte në sheshin “Skënderbeu” në Prishtinë, për të protestuar pas vendimit të Gjykatës Speciale në Hagë për dënimin e ish-krerëve të Ushtrisë Çlirimtare të
Go toTop