Најмалку 11 Палестинци убиени во најновите израелски напади во северна и јужна Газа

September 14, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Најмалку 11 Палестинци, меѓу кои неколку жени и деца, се убиени денес во израелските напади врз области во северниот и јужниот дел на Појасот Газа, јавува Анадолу.

Медицински извори за Анадолу изјавија дека 10 Палестинци се убиени, а повеќемина се повредени во израелското гранатирање на куќа во населбата Ал-Туфах, во источниот дел на градот Газа.

Медицински извори известија и дека еден Палестинец го загубил животот, а шестмина се повредени во израелско бомбардирање на шатор во кој биле засолнети раселени Палестинци во областа Ал-Маваси, западно од Кан Јунис, во јужна Газа.

Израел ја продолжува својата брутална офанзива врз Газа, по нападот на Хамас минатиот октомври, и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) со која се бара итен прекин на огнот.

Оттогаш во израелските напади убиени се над 41.000 Палестинци, главно жени и деца, а над 95.000 се повредени, според податоците на локалните здравствени власти.

Израелската офанзива го расели речиси целото население во Газа, и предизвика целосна блокада што доведе до сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

ИСТРАГАТА ЈА МЕРКА И САЊА ЛУКАРЕВСКА? Фирми на косовски државјани со измислени имиња во случајот „Крмзов“!

Следно

Галатасарај донесе засилување од Германија

Latest from Blog

Светски економски форум: Македонија со раст од 14,5% во чистата енергија

Додека глобалната енергетска транзиција забавува под притисок на геополитичките кризи, високите инвестициски трошоци и недоволно развиената инфраструктура, Македонија е меѓу државите што годинава бележат најголем напредок во развојот на чистата енергија. Ова

Меџити: Објавен јавниот повик за поставување нови лифтови во Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, соопшти дека е објавен јавниот повик за финансиска поддршка за поставување нови лифтови во колективните станбени згради во општината, со што започнува реализацијата на еден од

Коњановски ја прими сребрената медалистка Искра Нечаковска по успехот на Европската олимпијада по физика

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска организираше прием за ученичката Искра Нечаковска од гимназијата „Јосип Броз Тито“ – Битола, која освои сребрен медал на Европската олимпијада по физика, што се одржа

Денеска на Мундијалот: БиХ на мегдан со Американците, двојна пресметка меѓу Европа и Африка

ФОТО:facebook.com/nfsbih/ Денешниот ден ќе ни понуди исто така три супер интересни натпревари од 1/16 финалето на тековното Светско првенство. БиХ игра против САД и секако дека со нетрпение го чекаме тој меч
Go toTop