Најмалку 100 Палестинци загинаа во израелското бомбардирање на бегалскиот камп Џабалија во Газа

December 21, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Најмалку 100 луѓе загинаа во областа на бегалскиот камп Џабалија, источно и северно од Појасот Газа, кој денес беше цел на интензивно бомбардирање од страна на израелските воени авиони, јавува Анадолу.

Цивилната одбрана во северниот дел на Појасот Газа објави дека нејзините тимови не можат да стигнат до загинатите и ранетите поради интензивното израелско бомбардирање, пренесува новинската агенција ВАФА.

Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека окупациските сили сè уште го држат под опсада ургентниот центар во Џабалија, загрозувајќи ја безбедноста на 127 граѓани, вклучително и медицинскиот персонал и 22 ранети лица, додаде ВАФА.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади на Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, станбени објекти, џамии, цркви и болници по неочекуваниот напад од страна на Хамас на 7 октомври.

На 24 ноември, во 07:00 часот по локално време, стапи на сила четиридневната хуманитарна пауза договорена меѓу Хамас и Израел, која потоа беше продолжена за уште три дена.

На 1 декември (петок), по завршувањето на хуманитарната пауза, израелската војска продолжи со своите интензивни напади низ Појасот Газа.

Од почетокот на израелските напади на Појасот Газа на 7 октомври досега се убиени над 20.000 Палестинци, а ранети се повеќе од 52.600 лица, објавија здравствените власти на палестинската енклава.

Од убиените над 8.000 се деца, а повеќе од 6.200 се жени.

Под урнатините се наоѓаат повеќе од 6.700 Палестинци.

Во заробеништво сѐ уште се 130 Израелци. Официјалната бројка на загинати во Израел изнесува 1.200, при што, според зборовите на пилот на Израелските вооружени сили, можно е дел од загинатите Израелци да се жртва на примената на „Ханибаловиот протокол“ од страна на израелската војска.

„Ханибалова директива“ или „Ханибалов протокол“ е контроверзна процедура што ја користат израелските одбранбени сили (ИДФ) со цел да се спречи киднапирање на израелските војници од страна на непријателските сили. Според оваа директива, „киднапирањето мора да се запре со сите средства, дури и по цена на напад и елиминирање на киднапираните“. Овој протокол од страна на Израел е воведен во 1986 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Соопштение за јавност 21.12.2023

Следно

МНР: Министерството за надворешни работи ниту дава ниту одзема сертификат за безбедност, за тоа е задолжена ДБКИ

Latest from Blog

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,

ЈО: Промена на јавен обвинител не ги одолговлекува постапките, внимателно и одговорно да се известува и коментира, особено за кочанската трагедија

По последните одлуки на Советот на јавни обвинители за избор на обвинители во ОЈОГОКК, Јавното обвинителство веќе ги презеде сите потребни чекори за да овозможи ефикасност и непречено водење на сите тековни

Преговарачката рамка нуди предвидливост, вели францускиот амбасадор Ле Риголер

Актуелниот геополитички момент е исклучително поволен за проширување на Европската Унија, но оваа историска можност мора да се искористи веднаш бидејќи светот брзо се менува, вели францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле
Go toTop