Најдена гитарата на Пол Мекартни, украдена пред 50 години

February 16, 2024
1 min read

Бас-гитара „Хофнер“ што му припаѓала на Пол Мекартни, а којашто пред повеќе од 50 години била украдена, пред неколку дена му е вратена, а германскиот производител ја потврди автентичноста на тој инструмент.

Потрагата по гитарата ја почна потфатот под наслов „Изгубениот бас“ (Lost Bass) минатата година, па студентот Руајдри Гест во вторникот сподели фотографија од инструментот на „X“. Гест тврдеше дека гитарата му е наследство, и таа му е вратена на Макартни.

Гитарата во облик на виолина исчезна во времето кога „Битлс“ се распаднаа, а се појави по потрагата на светско ниво, објави „Гардијан“.

Пол Мекартни го купил музичкиот инструмент во 1961 година за 30 фунти, што е еквивалентно на околу 800 фунти според денешните цени. Наводно, таа му била омилена гитара.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Корејците му врачија отказ на Клинсман, по само 12 месеци

Следно

Човековидните мајмуни имаат смисла за хумор

Latest from Blog

НАПАДНАТА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА: Покрената е итна истрага за инцидентот

Европската комисија истражува сајбер напад врз нејзините веб-страници, а првичните наоди укажуваат дека некои податоци можеби се украдени, објави денес ЕК. Извршното тело на ЕУ изјави дека нападот е откриен во вторник

ФОТО: Скијачката сезона на Попова Шапка продолжува!

Ски-центарот работи секојдневно со одлични услови и подготвени патеки за сите љубители на зимските спортови, информираат од Ски центарот на Попова Шапка. -Почитувани посетители, скијачката сезона на Попова Шапка продолжува! Ски центарот

Проданоски: Прилеп ја негува и развива културната сцена

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Продановски, вечерва присуствуваше на изложбата и мултимедијалниот перформанс „Оган“ на академската уметница Бојана Артиноска. Настанот се одржа во духот на современ уметнички израз, носејќи силна визуелна енергија и

Избрани се четворица обвинители во ОЈО ГОКК

Државниот јавен обвинител Ненад Савески рече дека не учествувал во интервјуата на кандидатите, но ги проучил материјалите за сите осум кандидати за обвинители во ОЈО ГОКК. Сепак, додаде дека ги познава сите
Go toTop