Награди по избор на критичарите 2026: „Една битка по друга“ прогласен за најдобар филм

January 5, 2026
1 min read

 Остварувањето ја освои Наградата за најдобар филм, а Пол Томас Андерсон е награден како најдобар режисер. Сепак, најмногу признанија – вкупно по четири им припаднаа на филмовите „Грешници“ (The Sinners) и „Франкенштајн“.

„Грешници“ триумфираше во новата категорија за најдобар кастинг и филмска екипа, а ги зеде и наградите за најдобар млад актер, оригинално сценарио и музика. А пак, „Франкенштајн“ ги освои одличјата за најдобра споредна машка улога (Џејкоб Елорди), најдобар продукциски дизајн, најдобар костим и најдобра фризура и шминка.

Во главните категории за глума, победија Тимоти Шаламе за неговата улога во филмот „Марти Величествениот“, и Џеси Бакли за „Хамнет“. Најдобра женска споредна улога одглуми Ејми Мадиган во „Исчезнатите“ (Weapons).

Песната „Golden“ од филмот на Нетфликс „Кеј-поп ловци на демони“ (KPop Demon Hunters) е прогласена за најдобра песна, а филмот ја освои и Наградата за најдобар анимиран филм. Во телевизиските категории доминираше  „Адолесценција“ (Adolescence) – за најдобра мини-серија со три награди за глума, потоа – ТВ-серијата „Интензивна нега: Питсбург“ (The Pitt) за најдобра драмска серија и „Студио“ (The Studio) за најдобра комедија. Наградата за најдобро ток-шоу ѝ припадна на „Емисијата на Џими Кимел“.

Доделувањето, што се одржа во салата „Баркер“ во Санта Моника, Калигфорнија, САД, го водеше Челси Хендлер, и тоа четврта година по ред. Оваа година беа воведени четири нови категории – најдобар кастинг и филмска екипа, најдобра забавна програма, дизајн на каскадерски сцени и звук. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Швајцарија ги замрзнува средствата поврзани со Мадуро

Следно

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Latest from Blog

Трамп објави дека ги зголемува глобалните царини на 15 проценти

Тој синоќа потпиша извршна наредба со која се воведуваат глобални царини од 10 проценти. Сепак, американскиот претседател денеска објави на мрежата Трут соушл дека царините ќе бидат зголемени на 15 проценти, објави

Димитриеска Кочоска призна: стратегии за борба против сивата економија постоеле, имплементација недостасувала

Иако за борбата со сивата економија до сега постоеле планови и подготвени стратегии, во изминатите периоди недостасувала силна и доследна имплементација и конкретни ефекти, оцени министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, нагласувајќи дека

УЕФА ја казни Барса, а Флик го предупреди!

фото: Barcelona (X) Барселона е казнета со 30.500 евра за два инцидента за време на натпреварот против Славија Прага на 21 јануари, соопшти УЕФА. Каталонците мора да платат 15.500 евра за пиротехника

Димитриеска-Кочоска: Акциски план 2026–2027 за ефективна борба против сивата економија

Иако за борбата со сивата економија до сега постоеле планови и подготвени стратегии, во изминатите периоди недостасувала силна и доследна имплементација и конкретни ефекти, оцени министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, нагласувајќи дека
Go toTop