Наградата „Сино знаме“ отстранета од 12 грчки плажи

July 31, 2025
1 min read

Дванаесет грчки плажи останаа без наградата за квалитет „Сино знаме“ и се повлечени од меѓународната листа за 2025 година, поради лошата организација, додека пак квалитетот на водата за капење останува одличен согласно стандардите на програмата, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчкото друштво за заштита на природата што воедно и организацијата која управува со меѓународната програма „Сино знаме“ соопшти дека без „Сино знаме“ останаа пет плажи на островот Скијатос, четири плажи во општина Нафплио на Пелопонез и по една плажа во Парга, Комотини и на островот Крит.

Одлуката е по извршените ненајавени посети, а на конкретните плажи биле откриени недостатоци во задолжителните критериумите што се однесуваат на обезбедување услуги за капачите и посетителите (вклучувајќи ги и лицата со попреченост), безбедност на капачите/посетителите и правилно информирање.

Крајниот рок за исполнување на критериумите бил 1 јули, по што членовите на надлежните комисии на програмата одлучиле, како што е предвидено, да ги повлечат наградите со цел да се зачува престижот и кредибилитетот на институцијата.

– Нагласуваме дека повлекувањето на конкретните плажи од листата се должи на лоша организација и дека квалитетот на водите за капење останува одличен, според стандардите на програмата, соопштија од организацијата која управува со меѓународната програма „Сино знаме“.

Додадоа дека ќе продолжат со контролите на сите наградени плажи во земјата, кои, во најголем дел, се прават без претходна најава и доколку се утврдат недостатоци во почитувањето на критериумите на други плажи, ќе следат и други отстранувања на сини знамиња.

Грчкото друштво за заштита на природата што воедно и организацијата која управува со меѓународната програма „Сино знаме“ на средината на мај годинава соопшти дека наградата ја добија 623 грчки плажи, 17 марини и 17 туристички јахти со што Грција за задржа втората позиција меѓу 52 земји од целиот свет по сини знамиња што означуваат квалитетот на водата за пливање, заштитата на животната средина, организацијата и безбедноста на посетителите.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Борбен авион Ф-35 се урна во САД

Следно

Приведени тројца криумчари, пронајдени осум лица мигранти од Египет

Latest from Blog

Правните лица „Класик ДМ“ и „ММММ“ ја плаќале фирмарината за „Пулс“

На денешното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, Дејан Рашков, раководител на општинскиот Сектор за финансии, изјави дека уплатите за лиценца и фирмарија не биле извршени директно од дискотеката, туку преку

Судење за „Пулс“: Општината алармирала за несоодветна намена на објектот

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, сведокот Драги Илиевски изјави дека Општина Кочани реагирала за намената на објектот и побарала да се спречи негово користење како дискотека. Тој појасни дека објектот се

ЈКП Комуналец – Прилеп: Продолжуваат активностите за уредување на јавните површини

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп извршија поправка на оштетените куќарки во паркот кај Основниот суд Прилеп, еден од најпосетените паркови во градот. Станува збор за простор кој важи за едно од омилените

Борче Димитровски: ОУ „Даме Груев“ добива современи спортски игралишта

Со стартот на новата градежна сезона, започна реализацијата на уште еден значаен проект во Битола – изградба на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“. Како што информираше секретарот на Општина
Go toTop