Наградата „Новите“ за романот „Издигнување“

December 27, 2023
1 min read

Научнофантастичниот роман „Издигнување“ на Игор Раиден ја доби наградата „Новите!“ за најдобар дебитантски прозен ракопис за 2023 година, пишува Окно.мк.

„Романот на Раиден се издвои со конзистентноста во владеењето на жанрот и стилот, но и како прв научнофантастичен роман кој победил во 18-годишната историја на ‘Новите!’“, велат од жири комисијата во состав на Наташа АтанасоваЕлена Митреска и Катерина Шекутковска.

Оттаму информираат дека во потесниот избор за наградата влегле 15 ракописи.

Романот „Издигнување“ е составен од 18 хронозаписи кои заедно ја градат содржината на датотеката број 1: една меѓу многуте непознати датотеки кои ќе предизвикаат неповратни промени во системот. Во визијата за иднината претставена низ хронозаписите, Земјата и Земјаните се поставени во интергалактички контекст од разновидни планети и вонземјани меѓу кои не владеат мир и хармонија, туку војни, конфликти и желба за превласт и освојување. Поради ова и со намера да се воспостави мир, доаѓа до невообичаена средба меѓу претставниците на Залионите, едни од нападнатите народи во интергалактичкото Единство наречено Ајнерхи, и Земјанин по име Рајан кој е повикан на предизвикувачка мисија во Вселената.

Низ средбата меѓу човекот и вонземјаните доаѓаат до израз болните точки на нашето човештво кои во оваа визија за блиската иднината (дејството се случува во 2037 година) се уште поистакнати. Не само што човештвото страда од последиците на големото загадување на животната средина и од постојаната воена состојба и засилена милитаризација, туку нема никаква духовна и морална подлога која би поттикнала позитивна промена.

Иако Раиден ја користи ситуацијата на средба помеѓу планетарните видови за критика на човештвото и човековата состојба, тој преку неа отвора и перспектива кон можностите за промени. Имено, преку суптилните еколошки пораки, романот заговара нова еволуција на човештвото која ќе се темели врз начелата на солидарност, доверба и емпатија меѓу луѓето, врз искоренување на насилството, обединување за заеднички придобивки и, најважно, врз разбирање и прифаќање на секого со сета негова различност. Само вака би можел да се оствари максималниот потенцијал на секој човек како поединец и на целото човештво како заедница.

Во светот на научно-фантастичната литература хероите, кога се во машки пол, често имаат мачоистички и доминантни карактеристики. Во романот на Игор Раиден, за големо изненадување, како главен лик имаме трансродово лице со кое текстот создава „квир простор“ каде што читателот треба да претпостави нова, андрогина перспектива, за разлика од хетеронормативната перспектива како доминантна норма. Тоа потврдува дека научно-фантастичната литература има проширен капацитет за јазични изрази и истражување на разликите, капацитет редок во традиционалната проза.

Иако романот оперира со веќе добро познати елементи и наративни постапки од научната фантастика, токму преку цврстата и јасна структура, прецизно изградените ликови, како и добро обмислените заплети и драмски ситуации, авторот покажува дека одлично го владее жанрот и дека е достоен за наградата „Новите!“.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Убил двајца роднини и еден повредил – постојат сомнежи дека се скарале за имотни прашања

Следно

ДКСК утврди сомнежи за незаконска набавка на мазут и продажба на ноќни вишоци електрична енергија

Latest from Blog

На Куба почнаа со обнова на електромрежата

Електроенергетската мрежа остана во дефект во саботата навечер откако голема електрана во Нуевитас, во источната кубанска покраина Камагуеј, престана да работи, соопшти операторот на мрежата UNE. Тоа предизвика каскаден ефект што остави

Божиновска: Снабдувањето со гориво е во одлична кондиција и во земјата има доволно деривати

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска изјави дека снабдувањето со горива е во одлична кондиција и во земјата има доволно деривати. – Ние го следиме сето тоа. Засега снабдувањето

Омерагиќ: Инвестицијата на Пандев отвора нови можности за младите фудбалери во Македонија

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, оцени дека инвестицијата на Горан Пандев во модерен спортски центар во Струмица претставува значаен исчекор за развојот на младинскиот фудбал во земјава. Според него, новите услови овозможуваат

Омерагиќ: Инвестицијата на Пандев во Струмица донесе европски услови за младите фудбалери (ВИДЕО)

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, оцени дека инвестицијата на Горан Пандев во модерен спортски центар во Струмица претставува значаен исчекор за развојот на младинскиот фудбал во земјава. Според него, новите услови овозможуваат

Рома минимално го порази Лече

фото: AC Roma (X) Екипата на Рома со минимални 1:0 го совлада Лече на домашен терен во меч од 30 коло во Серија А. Робинио Ваз го постигна единствениот гол на натпреварот.
Go toTop