Надминат проблемот со наводнување на земјоделските површини во Овче Поле

July 1, 2024
1 min read

Надминат е проблемот со водата за наводнување во атарите на општините Свети Николе и Лозово. Земјоделците од селата Црнилиште во Општина Свети Николе и Милино во Општина Лозово велат дека вода имаат во каналот за наводнување од Хидросистемот „Брегалница“, а според нив водата пристигнува во вистински момент за лозовите насади, а очекуваат помали приноси на пченката.

Бранко Вучевски од селото Сарамзалино вели дека вода има во каналот, но тешко пристигнува, бидејќи не е исчистен од треви и ѓубре. Забележува дека денеска на терен е механизација на Водостопанство „Брегалница“ за да се чисти каналот.

-Имам два декари тутун и од утринава успеав да го навадам. Оваа година во јуни беше многу топло и затоа наводнителната сезона требаше и порано да почне. Но, главен проблем е сепак каналот, кој е стар и на одредени места водата се губи, понира и потребна е да се реконструира. Тоа го очекуваме од новата Влада, вели Вучевски.

И градоначалникот на Општина Лозово, Бошко Цветковски потврдува дека водата пристигнала до најдалечната точка на ХС „Брегалница“.

Благојчо Богатинов од Водостопанство  „Брегалница“ денеска изјави дека решен е проблемот со испораката на водата за земјоделските површини во општините Свети Николе и Лозово. Водата низ каналот е пуштена пред три дена.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Државата си плаќа „казни“ за непотрошени кредити

Следно

За да и служи на својата земја, претседателот Бајден треба да се повлече од изборите

Latest from Blog

Стриминг сервисот FilmBox+ сега е достапен за корисниците на македонскиот пазар, преку партнерството меѓу SPI International и A1 Македонија

FilmBox+, стриминг сервисот на SPI International, сега е достапен за корисниците во Македонија во партнерство со A1. Преку оваа соработка, A1 Македонија дополнително ја збогатува својата понуда на содржини и овозможува пристап

Мицкоски: Очекувам обвинителството да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор и бонусите во СЈО

На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски говореше за очекувањата од работата на новиот Јавен обвинител. -Очекувањата од новиот јавен обвинител се големи, во смисла

Резаи: Ракетите ќе преговараат со Трамп

„Секој разговор со ѓаволот е стратешка грешка. Ракетите нека преговараат со американскиот претседател Доналд Трамп“, напиша Резаи на социјалната мрежа „Икс“. Тој ги повика САД да признаат пораз во конфликтот со Иран.
Go toTop