НАД МИЛИОН ЛУЃЕ НА ПОГРЕБОТ НА САИФ АЛ ИСЛАМ ГАДАФИ, силен одговор против насилството и “арапската пролет“ (ФОТО)

February 7, 2026
1 min read

Повеќе од 1.000.000 луѓе присуствуваа на погребот на Саиф ал-Ислам Гадафи, син на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, мавтајќи со зелени знамиња, симбол на владеењето на неговиот татко, објави „Ле Фигаро“.

Саиф ал-Ислам беше погребан на истите гробишта во градот Бани Валид, јужно од Триполи, како и неговиот брат Хамис Гадафи, командант на елитната 32-ра бригада, кој беше убиен во 2011 година.

Корисниците на социјалната мрежа X објавија и фотографии на кои се гледа река луѓе кои дојдоа да му оддадат последна почит на човекот за кој се веруваше дека може да ја обедини поделената земја.

Најголемиот погреб во историјата на Либија покажува колку либискиот народ го сакал Саиф ал-Ислам Гадафи. Неговиот скромен гроб, исто така, сведочи за тоа што тој отсекогаш бил – само човек, човек кој ја сакал својата земја и барал мир за својот народ“, рече еден корисник на X.

Според либиските медиуми, 53-годишниот Гадафи бил убиен на 3 февруари, кога бил нападнат од четворица маскирани мажи. Се наведува дека камерите за надзор во неговата резиденција биле оневозможени пред нападот.

Пред Арапската пролет, Саиф ал-Ислам Гадафи се сметал за наследник на својот татко, додека градел имиџ на умерен реформатор. По убиството на неговиот татко и брат Мутасим, тој рекол дека „ќе ги гони убијците до самиот крај“. Тој постојано најавувал дека ќе се кандидира на изборите во Либија, но тие не се организирани од 2014 година.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Петрушевски: Додека Апасиев го плаќаа од СЈО, ги величеше. Кога чешмата секна, почна да ги плука.

Следно

Шокантни тврдења на Лејла Кадриу за функционирањето на СЈО – Катица Јанева тврдела дека е жена од милион долари

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop