Над 90.000 регистрирани гласачи од дијаспората за изборите на Косово

December 27, 2024
1 min read

Периодот за пријавување и регистрација на гласачите од косовската дијаспора, кој започна на 29 август, заврши на 26 декември 2024 година.

Портпаролот на Централната изборна комисија (ЦИК), Ваљмир Елези, изјави за RTKlive дека рокот од 120 дена за регистрација е успешно завршен.

Според прелиминарните податоци, бројот на косовски државјани кои се регистрираа како гласачи од странство во периодот од 29 август до 26 декември 2024 година, заклучно со 23:59 часот, изнесува 90.860. Во моментов, 18.244 апликации се во процес на разгледување, изјави Елези.

Тој додаде дека разгледувањето на пристигнатите апликации ќе продолжи и во текот на денешниот ден.

– Се стремиме во најкраток можен рок да го подготвиме конечниот извештај за вкупниот број регистрирани гласачи од дијаспората, со податоци поделени според начинот на гласање и според државите, истакна Елези. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сојузот на лица со дијабетес реагира за буџетот за инсулинска терапија 

Следно

Полицијата презентира дел од своите единици и опремата која ја користат (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре
Go toTop