Над 1 милион евра е премијата на лото 7 на Државна лотарија

January 26, 2024
1 min read

Рекордни 62 000 000 денари или 1 000 000 евра носи 7-ката на играта

ЛОТО 7 на Државна лотарија, што е досега најголема сума што може да се освои во нашата земја.

Инаку, Државна лотарија започна со приредување игри на среќа на 23 април 2010 година, а првото коло на играта на среќа лото под име НовоЛото 7/34 се реализираше на 5 мај 2010 година.

Првата седумка во играта НовоЛото 7/34 е постигната на 5.9.2011 година со вредност од 21.173.081,00 денари, а среќните броеви се уплатени во продажното место „Студио Гина“ во Битола. Оттогаш во лото играта, којашто во 2019 беше преименувана во ЛОТО 7, постигнати се вкупно 27 (дваесет и седум) седумки, а за седумка се славеше во различни градови: дванаесет пати во Скопје, петпати во Битола, двапати во Кичево, двапати во Куманово и по еднаш во Свети Николе, Тетово, Неготино, Струмица,  во Кавадарци и во Кочани.

Во однос на вредноста на добивките со 7 погодоци досега постигнати се 11 добивки со гарантирана вредност од 6 000 000,00 денари и една со гарантиран фонд од 7.777.777,00 денари.  Сите други седумки се добивки коишто се над гарантираниот износ од страна на Државна лотарија. Најголемата премија досега е во вредност од 41.163.771,00 денари, а среќните броеви добитникот ги уплатил во продажното место ЈМБ Компани Визбегово во Скопје.

Фондот  за  7-ката којашто сега изнесува над 1  000  000 евра започна да се собира по освојувањето на  последната седумка којашто беше исплатена во декември 2022 година во Кичево, откога фондот за 7-ка во ЛОТО 7 постојано расте.

Секое наредно коло ќе го очекуваме новиот добитник на 7-ка кого го чека премија досега највредна и најголема во државата.

Нечии 30 денари, колку што чини една лото-кобинација, може да станат влог во комплетна промена на животот. Затоа не заборавајте да ги уплатите ваши среќни броеви и да ја искористите можноста од само 30 денари да дојдете до најголемата премија вредна над 1 000 000 евра и да станете најголемиот лото милионер во нашата земја.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кривичниот суд определи притвор за петмина од уапсените во Грчец

Следно

Максимум штедење за минимум живеачка

Latest from Blog

Битола високо рангирана во проектот „Заедници со интегритет“, потенцира Коњановски

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се

Божиновска најавува модернизација и регионални партнерства за енергетска стабилност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес на Зимското собрание на EDS зборуваше за енергетската безбедност како тема која веќе не е само за експерти, туку за секој граѓанин.
Go toTop