На Украина за контраудар не и се доволни само 30-те милијарди долари оружје

May 12, 2023
2 mins read

Најпосакуваниот исход за Украинците е репризирање на есенската офанзива во која речиси молневито го ослободија целиот регион околу Харков и ги одбија руските сили неочекувано далеку на исток на земјата.

Разликата е што тогаш имаа противник кој ја потценуваше украинската армија, противник кој тргна во војна со сериозни заблуди околу својата добредојденост во земјата заради што не беше ни приближно добро утврден и можеби најважно имаа елемент на изненадување.

Овој пат Украинците немаат ниту еден од овие фактори. Тоа што сериозно превагнува на нивна страна е што во меѓувреме добија странско оружје во вредност од 30 милијарди долари.

За да ги остварат своите амбиции Украинците ќе треба да изведат „комбинирана вооружена операција, без да имаат воздушна предност, за која мал број војски во светот ја имаат неопходната обука.“

„Ова значи координирање на пешадија, оклопни единици, воени инженери и противвоздушна одбрана за да се максимизира учинокот на повеќе од 200 тенкови, 300 пешадиски оклопни возила и други оружја што Украина ги доби од декември,“ пишува Марк Чемпион во текстот за Блумберг.

Околу колебањето на украинските команданти кои постојано се обидуваат да ги намалат западните очекувања од контраофанзивата, Марк Кансијан од вашингтонскиот Центар за стратешки и меѓународни студии објаснува „ниту една армија никогаш не верува дека е доволно опремена за да го направи тоа што треба да го направи. Таква е природата на војските.“

Процените се дека за Украина е неопходно да покаже сериозен успех, бидејќи ако има само маргинален напредок, како што имаше Русија зимава околу Бахмут, „тоа ќе доведе до уште една пат ситуација и зголемување на притисокот врз Киев да се откаже од ослободување на освоената територија во мировен договор.“

Чемпион смета дека моментално САД ја имаат веројатно единствената западна војска која може да ја изведе комбинираната воена операција (симултано координирање на повеќе родови војска со цел пробивање на непријателските рововски линии).

Западните советници периодов се повеќе алармираат на руската авијација, која без разлика на својата неспорна надмоќност и немаше некоја поголема улога низ досегашната војна. Во тој дел Украина доби сериозна помош во модернизирање на своите ПВО системи главно базирани или директно наследени од СССР.

Главната коцка за Украина ќе биде дали Русите зимава успеале да соберат доволно војска за да ја покријат целата должина на фронтот.

„Ако немаат, тогаш ќе треба да погаѓаат каде ќе нападнат Украинците, давајќи му на Киев можност да ги изненади и заобиколи.

Ако имаат, за Украинските сили ќе биде мачно да се пробијат, исто како што им беше минатата година кај Херсон. Само пеколни борби и нарушените линии за снабдување по должината на Дњепар ги натераа руските сили на крај да се повлечат,“ пишува Чемпион.

Се проценува дека Украина има 700.000 војници во униформа, три нови бригади опремени со најдобрите НАТО тенкови, плус Бредли и други пешадиски оружја, а уште шест единици, околу 5.000 војници, се опремени со советско оружје донирано од НАТО членки од Источна Европа.

Инаку вчера беше објавено (од РТ) дека украинската контраофанзива започнала, па потоа демантирано од руското министерство за одбрана дека украинската контраофанзива почнала, а истото утрото Зеленски објаснуваше како веднаш можат да тргнат во контраофанзива, ама многу војска ќе им загине.

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

УТРЕ ПРЕМИЕРА НА „КАФЕЗ КАЈ КОКОНИ“ НА НИКОЛОВСКИ ВО СКОПСКИ ДРАМСКИ ТЕАТАР, ЗА ПУБЛИКА НАД 18 ГОДИНИ

Следно

(ВИДЕО) Ковачевски, мавтајќи со зелено знаме, даде знак за почеток на изградбата на коридорот 10-д

Latest from Blog

Што значи загрозена безбедност на јавните финансии? Објаснува Глигор Бишев

Претседателот на Фискалниот совет Глигор Бишев вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 објасни што конкретно значи за државата кога е загрозена безбедноста на јавните финансии. „Ние посочивме дека прекршени се фискалните правила

И покрај „Иди ми… Дојди ми“ со Косово, нема исход за екстрадицијата на Демири и Исмаиловиќ

Министерот за правда, Игор Филков, на прашањето до каде е постапката за екстрадицијата на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои македонските судови ги осудија на доживотна казна затвор за случајот ,,Монструм”, рече

ВМРО-ДПМНЕ: Неврохирургот на Заев, Филипче во раководството има само верни слуги на Заев

Венко Филипче, неврохирургот на Зоран Заев уште еднаш вечерва покажа дека не можеа сам да стои на свои нозе во политиката, велат од ВМРО-ДПМНЕ по внатрепартиските раководни именувања во СДСМ. -По изборот

Костова, дел од раководството на СДСМ: Мизерна е таа лакомост на религиозните

Кристина Костова вечерва е избрана за потпретседател на СДСМ на првата седница на новиот Централен одбор на партијата. Зад Костова која е дел од раководството на СДСМ, како печат стои делувањето во

Туркије: Декларацијата на Алијансата на цивилизации на ОН ја потврди определеноста за борба против дискриминацијата

ИСТАНБУЛ (АА) – Министерството за надворешни работи на Туркије денес соопшти дека посветеноста на борбата против сите форми на дискриминација е нагласена во декларацијата усвоена на Десеттиот глобален форум на Алијансата на
Go toTop