Акцијата ја спровеле припадници на МВР, Управата за технологија, Службата за борба против високотехнолошки криминал, во соработка со полициските одделенија во Белград, Ниш, Пирот и Лесковац, а по наредба на Специјалното јавно Обвинителство за високотехнолошки криминал на Вишото јавно обвинителство во Белград, објави Телеграф.

Тие се уапсени поради сомнение дека сториле кривични дела прикажување, прибавување и поседување порнографски материјал и искористување на малолетно лице за порнографија, користење на компјутерска мрежа или комуникација со други технички средства за извршување на кривични дела против сексуална слобода врз малолетно лице и сексуално вознемирување.

Уапсени се М.Н.(28), Л.В.(25), Р.С.(46), Д.Х.(43) од Белград, М.М.(19) од Пирот, Д.Ѓ. (24) од Лесковац и Б.В.(58) од Ниш.

Се сомневаат дека подолг временски период со користење специјализирани апликации за споделување датотеки или со користење на специјални прелистувачи кои овозможуваат прикривање и анонимност на локацијата, како и преку социјалните мрежи од сопствени и лажни сметки, стапиле во комуникација со малолетници , испратил фото и видео записи од порнографски содржини и добиени содржини кои произлегуваат од експлоатација на малолетник, како и договарање на средба со малолетници за сексуален однос.

При претресот на становите на осомничените, преку преглед на компјутерите и компјутерската опрема, поголемо количество видео клипови и фотографии создадени од експлоатација на малолетници за порнографски цели, содржини за сексуална експлоатација на деца од три до четиринаесет години пронајдени се и други фотографии и видео снимки од експлицитна злоупотреба на деца во порнографски цели, како и пораки со сексуална содржина со кои осомничените сексуално вознемирувале деца и малолетници.

На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе бидат изведени до надлежното обвинителство.

За реализација на оваа акција придонел пристапот до српската платформа „Те гледам“, како и платформата на Националниот центар за исчезнати и експлоатирани деца (Некмек) од Соединетите Американски Држави, кој е глобален лидер во помагањето за спречување на киднапирања и пронаоѓање исчезнати деца и борба против сексуалната експлоатација на деца на интернет, до чија платформа директен пристап има Србија, што е единствен случај во регионот.