На саемот IDEF 2025 беа потпишани договори во вредност од 9 милијарди долари

July 28, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – На Меѓународниот саем за одбранбена индустрија (IDEF) 2025, кој се одржа минатата недела во Истанбул, беа потпишани договори во вредност од 9 милијарди долари, соопштија турските власти, јавува Анадолу.

Халук Ѓоргун на социјалната мрежа X истакна дека големиот собир ги претставил инженерските способности, визијата за извоз и стратегиската волја на турската одбранбена индустрија на светската сцена.

Седумнаесеттото издание на саемот, кој траеше шест дена, започна во вторник и истовремено се одржа на повеќе локации: Истанбулскиот изложбен центар, аеродромот „Ататурк“, марината Атаќој и Конгресниот центар WOW.

Организатор на настанот е „KFA Fair Organization Inc.“, а се спроведува со поддршка на турското Претседателство на одбранбените индустрии, под управување и одговорност на Фондацијата за зајакнување на Турските вооружени сили.

На настанот учествуваа 1.491 компанија, делегации од 103 земји, 231 официјална посета и повеќе од 120.000 посетители, рече Ѓоргун, додавајќи дека на саемот првпат биле изложени над 1.100 производи.

„На саемот беа одржани околу 270 церемонии за потпишување договори во вредност од 9 милијарди долари, од кои 65% беа договори за извоз“, рече тој.

„Овие бројки не се само резултати од трговски саем туку глобален одраз на нашата посветеност на домашното производство и нашата стратегиска одбранбена архитектура“, истакна тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ристовски: До крајот на летото сите пет базени ќе бидат пуштени во употреба и ќе бидат предадени на владение на општините во кои се изградени

Следно

Муцунски: Први во регионот потпишавме Партнерство за безбедност и одбрана со ЕУ – и тоа не е симболика, туку конкретна поддршка

Latest from Blog

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop