На роденденот на Џејмс Џојс промоција на двојазичното издание на „Џакомо Џојс“ во „Буква“

January 30, 2023
1 min read

В четврток, на втори февруари во 19 часот во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи промоција на „Џакомо Џојс“ од Џејмс Џојс во превод на Марија Гиревска.

Книгата е прво самостојно двојазично издание на Гиревска (на англиски и на македонски јазик) во лимитиран тираж од 100 примероци, придружено со белешки од еминентниот Џојсовец, Фриц Сен (Директор на Фондацијата Џејмс Џојс од Цирих) и американскиот биограф Ричард Елман. Втори февруари е роденденот на Џојс и на неговиот прочуен роман „Улис“, но и на кафе-книжарницата „Буква“.

Мијата ќе настапи со изведбата на песната од „Улис“, My Girl’s a Yorkshire Girl.

Овие фрагментирани белешки или епифании за една миговна љубов главно ја опишуваат вљубеноста на еден ирски учител во својата ученичка од еврејско потекло. Веројатно станува збор за Амалија Попер (Amalia Popper), ќерката на Леополдо Попер од Трст, трговец Евреин. Името на таткото упатува и на еден од изворите за името и ликот на Леополд Блум од „Улис“. Белешките најверојатно биле напишани во летото 1914 година, и дел од нив ќе послужат како проба за она што подоцна Џојс ќе го напише во романот „Улис“. Меѓутоа, никој со сигурност не може да појасни зошто Џојс никогаш не ги објавил овие белешки и ги оставил во Трст, за подоцна брат му Станислав да ги најде и зачува. Испишани се во ракописот на Џојс, без промени, освен насловот „Џакомо Џојс“, кој е испишан во горниот лев агол од нечија друга рака. Џојс немал обичај да ја употребува италијанската форма на своето име. Белешките ги пишувал на осум големи листови, двострано, на цврста хартија каква што би употребиле за цртање скици со молив, и ги оставил меѓу кориците на една сина школска тетратка. Овие листови дури и потсетуваат на оние пергаментни листови на кои во 1909 Џојс ги пишувал песните од „Камерна музика“ за својата сопруга.

„Сама по себе, таа е исто толку сеопфатна колку што е Моли Блум, чие Да ѝ се припишува токму нејзе, а сепак останува недофатлива, и можеби тука лежи една од причините зошто Џакомо Џојс почнува токму со прашањето ,Која?‘“ (Фриц Сен). Овие одломки од оживеано сеќавање за еден неисполнет копнеж за една црноока девојка, како што вели неговиот биограф Ричард Елман, претставуваат „едно мало, кревко, трајно совршенство“,

Најпознатото дело на Џојс, на македонски е преведен во 1977 година, но во неговата интегрална форма, преведен во оригинал и со неопходните анотации романот излезе во 2013 година, во превод на Гиревска, во издание на издавачката куќа „Полица“. Оттогаш „Улис“ доживеа три изданија: 2013, 2017, 2019 година.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Реал – Барселона во полуфиналето од Купот на Шпанија

Следно

#НаТочак #ПодВода

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop