На расчистување на дојавите за 240 лажни бомби во училиштата, работат и Интерпол и Европол

February 7, 2025
1 min read

За расчистување на случајот со лажните дојави за бомби во училиштата во Македонија работат и Меѓународната организација за криминалистичка полиција, Интерпол и Агенцијата за криминалистичко разузнавање на Европската Унија, Еропол. Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, рече дека случајот со 240 лажни бомби се истражуваат,

„Веќе сме во соработка со нашите партнери од Интерпол и од Европол. Имаме одредени траги еве ако може така да се изразам и имаме комуницирано и со колегите од Хрватска и со колегите од Унгарија коишто Хрватска пред неколку дена се соочи со истото а Унгарија, мислам дека некаде околу 23 јануари се има соочено со истите ситуации. Полицијата дополнително со сите директори на училиштата разговараат и точно добива ќе добијат во текот на денот јасни инструкции како и што понатаму треба да се прави во иднина, доколку се појави сето тоа“, посочи Јанев.

Тој апелираше дека нема место за паника,

„Граѓаните, родителите и сите наставници во училиштата треба да бидат спокојни. Се работи за лажни дојави, за бомби секаде кај што го направивме. Ова се работи и сите проверки укажаа дека се работи за лажни дојави за бомби. Се работи за повеќе од 240 дојави. Сите припадници на македонската полиција, реагираа совесно, брзо и сталожено без да се крева паника. Пристапија во училиштата, разговараа со директорите на училиштата, извршија проверки таму кај што требаше да извршат проверки. Имаме соодветен протокол и алгоритам по којшто ние постапуваме. Таму каде што параметрите беа позитивни, односно во зелена зона – наставата продолжи, таму каде што имаше одредени параметри во други зони се извршија дополнителни проверки и секаде се работи за лажни дојави“, истакна Јанев.

МВР ќе ги преземе сите превентивни и репресивни мерки доколку има потреба и ќе открива зошто се прават вакви лажни дојави, рече директорот на новинарските прашања.

„Веќе има дополнителни состаноци помеѓу повеќе министерства, ќе соработуваме во иднина како што треба, задоволен сум дека немаше паника. Секогаш има на некого на којшто не му одговара да бидеме стабилни и безбедни, односно преку едни вакви хибридни или симулација на одредени напади или дојави за да може да направат или да го дефокусираат безбедносниот систем во државата. Македонската полиција, сите агенции за спроведување на законот во изминатите месеци покажаа јасна и неселективна и одлучна борба против сите видови на криминал“, рече Јанев.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Начинот за снабдување со електрична енергија во јавните претпријатија ќе се разгледува в четврток на ЗЕЛС

Следно

Утре студено со утринска магла по котлините

Latest from Blog

Арафат: Недостатокот на противпожарна заштита е заеднички за трагедиите во Кочани, Букурешт и Кран-Монтана

Заедничко за пожарите во клубовите во Кочани, Букурешт и Кран-Монтана е тоа што во сите три објекти немало или не се почитувале протоколите за заштита од пожари, кажа денеска во Скопје Раед

Декември 2025 натпросечно топол и потпросечно врнежлив

Декември минатата година бил натпросечно топол и потпросечно врнежлив, покажуваат мерењата и набљудувањата на среднодневните температури и врнежи во метеоролошките станици на Македонија. Во споредба со просечните декемвриски средномесечни температури за триесетгодишниот

Нови авиолинии, повеќе туризам, посилна трговија: Николоски и амбасадорот на Црна Гора за поблиски врски меѓу двете земји

Заменик претседателот на Владата и министерот за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ. На средбата се разговараше за актуелните состојби во двете

Проданоски: Љубиша Јованоски ја презема директорската функција во „Комуналец“ – Прилеп

На чело на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ – Прилеп е именуван нов директор. Станува збор за Љубиша Јованоски, дипломиран економист, кој ја презема функцијата со јасна определба за воведување позитивни промени, зголемување
Go toTop