На преминот Ќафасан само во август регистрирани над 300 илјади патници

September 1, 2024
1 min read

На граничниот премин Ќафасан на македонско – албанската граница, кај Струга, последните два дена видно е зголемена фреквенцијата на патници и возила, објави „Ора њуз“.

-Иако се работи на шест шалтери сепак имаше колони на возила кои на преминот чекаа и до 40 минути за влез на македонска територија. Главно станува збор за македонски државјани кои се враќаат дома по годишниот одмор минат на албанското крајбрежје. Голем е и бројот на албански иселеници кои по одморите во родниот крај се враќаат во земјите каде живеат и работат, наведува телевизијата.

Не е мал и бројот на албански државјани кои се враќаат по одморот надвор од Албанија.

– Ќафасан оваа летна сезона беше еден од граничните премини со најголем проток на патници и возила. Само во август на влез и излез се регистрирани над 300 илјади патници што е за над 20 отсто повеќе од истиот месец минатата година.

Според надлежните, во август на преминот се работело со полн капацитет и често со забрзана постапка за да не се создаваат колони и да нема подолго чекање.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Протест во Белград со барање РТС да известува за протестите против ископувањето литиум во Србија

Следно

Редуциран автобуски превоз во Скопје, нема да возат дел од приватните превозници

Latest from Blog

„Звуците на културата во Ѓорче 2026“ вечерва со богата програма за сите генерации

По досегашната програма исполнета со мјузикл, хип-хоп фестивал, театарска претстава, кино-проекции и содржини за најмладите, „Денови на Општина Ѓорче Петров 2026“ продолжуваат вечерва со нови настани во рамките на „Звуците на културата

Кина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море

Барањето следело по апелот на Саудиска Арабија до Пекинг..Хутите во изминатата недела ги засилија  активностите  долж брегот на Црвеното море. Тие напредуваа и во близина на стратешкиот теснец Баб Ел-Мандеб.Кина јавно повика
Go toTop