На преминот „Блато“во август минале над 97.000 патници

September 4, 2024
1 min read

На граничниот премин „Блато“,  еден од двата, што функционираат на македонско – албанската граница кај Дебар, во август годинава забележана е за над 10 отсто поголема фреквенција  споредено со истиот месец минатата година.

– Во август на влез и излез од земјава регистрирани се 97731 патник, од нив 50810 на влез и 46921 на излез од нашата земја. Минатата година на влез беа регистрирани 49099, додека на излез 41684 патници, информираа за МИА од македонското Министерство за внатрешни работи.

Зголемената фреквенција се должи на подобрената патна инфраструктура на албанска страна, по изградбата на автопатот Блато-Тирана, со што оддалеченоста е помала за повеќе од 100 километри и сега изнесува 72 километри.

На вториот граничен премин, Џепиште-Требиште, кој е од локален карактер фреквенцијата е речиси на исто ниво.

– На овој премин за влез се регистрирани 6103 патници од нив 3100 на влез, додека 3003 на излез. Минатиот август на влез се регистрирани 3058, а на излез 3055 патници, додаваат од МВР.

Овој премин во летниот период, односно од први април до 31 октомври, работи од 8 до 20 часот, додека во останатиот период, односно од 1 ноември до 31 март, од 8 до 18 часот. Право да го користат имаат само жителите од граничниот регион, што подразбира општина Дебар и областа Голо Брдо на албанска страна.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Казни во висина од 8,5 милиони евра за неправилности на плажите во Грција

Следно

Нов пожар: Гори кај Катланово (ФОТО)

Latest from Blog

Ковачки: По она што го видов во службите, ОЈО треба да се издига на клоци ако не покрене обвинение

После денешната посета, тоа што може да го заклучам е дека јавното обвинителство треба да се „издига на клоци“. Ценам дека имаме класични прекршувања на Законите и злоупотреби за кои досега морало

Охридско езеро во фокусот на меѓународната соработка: средба Меџити – Агелер

Првите вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, денеска оствари средба со амбасадорката на САД, Ангела Агелер, на која дискутираа за унапредување на соработката во заштитата и одржливиот развој на Охридското

Личната претставничка на генералниот секретар на ОН за кипарското прашање во посета на Кипар

 Личната претставничка на генералниот секретар на Обединетите нации за кипарското прашање Марија Анхела Олгин се очекува денеска да пристигне на Кипар, каде што утре ќе се сретне со кипарскиот претседател Никос Христодулидис,
Go toTop