На патарина во Тетово приведени двајца државјани на Албанија при транспорт на дрога вредна 10.000 евра

January 6, 2024
1 min read

реклама


Денеска (06.01.2023) од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи при Одделот за криминалистичка полиција, лишени од слобода се А.Н.(64) и Ф.Т.(56), двајцата државјани на Република Албанија.

Имено, Единицата за недозволена трговија со дрога при Одделот за криминалистичка полиција, во координација со полициски службеници од СВР Тетово и сообраќајната полиција од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, на наплатна станица Тетово, сопреле патничко возило „мерцедес“ со албанска национална ознака, управувано од А.Н., во кое сопатник бил Ф.Т.. Поради постоење на сомнение дека со возилото се пренесува дрога во координација со  Мобилен тим од Царинската управа извршен е претрес на возилото, при што е употребено и царинско куче.

реклама

При претресот, во резервна гума во багажниот простор на возилото пронајдени се три пакувања со марихуана, во количина од околу три килограми со вкупна вредност од 10 илјади евра. Лицата се приведени во полициска станица и од страна на СВР Тетово по комплетирање на целокупната документација ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Тетово.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Порака на Архиепископот Стефан: Потребно ни е духовно и национално единство за да опстоиме како Црква и како народ

Следно

ЗЛАТНИТЕ ГЛОБУСИ ВО ЗНАКОТ НА БИТКАТА МЕЃУ „БАРБИ“ И „ОПЕНХАЈМЕР“

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop