На македонските аеродроми лани превезени 3,5 милиони патници, раст од девет проценти на годишно ниво

January 12, 2026
1 min read

Меѓународниот аеродром „Скопје“ и аеродромот „Свети апостол Павле“ – Охрид минатата година опслужиле 3,5 милиони патници и 26.500 лета.

– Бројот на превезените 3.475.288 патници преку скопскиот и охридскиот аеродром во 2025 година е зголемување од 9 проценти во однос на 2024 година, а кај опслужените летови годишното зголемување е  4 проценти – информира „ТАВ Македонија“.

Во декември 2025 статистиката на концесионерот покажува двоцифрено зголемување на процентите на опслужени патници на двата аеродрома од 25 проценти во споредба со декември 2024 или преточено во бројки – 294.781 патник.

Во последниот месец од минатата година, пак, реализирани се 2.019 лета, што е за 7 проценти повеќе од декември во 2024 година.

– Стабилен пораст покажува и дневниот пресек на патници во 2025. Скопскиот аеродром дневно во просек опслужуваше 8.786 патници, што е за 9 проценти повеќе од 2024 година, а преку охридскиот дневно патувале 767 патници, што е за 16,3 проценти повеќе во споредба со минатата година.

Одделните анализи за двата аеродрома за периодот од јанури до декември покажуваат дека преку Меѓународниот аеродром „Скопје“ патувале 3.211.419, што е за 8,7 проценти повеќе во споредба со истиот период во 2024 година, а аеродромот „Свети апостол Павле“ во Охрид бележи двоцифрен пораст од високи 20 проценти со услужени 263.869 патници.

–  Зголемувањето од 9 проценти на бројот на патници и 4 проценти пораст на летовите на двата македонски аеродроми е директна потврда дека вложувањата во модернизација на инфраструктурата, унапредувањето на оперативната ефикасност и проширувањето на мрежата на авиолинии даваат конкретни и мерливи резултати. Дополнително, новите дестинации, континуираната соработка со авиокомпаниите, зголемената побарувачка за патувања и посветеноста на нашите вработени овозможија стабилен и одржлив раст. Овие резултати ја зацврстуваат позицијата на македонските аеродроми како сигурни и конкурентни регионални воздухопловни центри и ни даваат силна основа за уште поамбициозен развој во наредниот период – вели во пишана изјава Неџат Курт, генерален директор на „ТАВ Македонија“.

Истанбул во сите 12 месеци од 2025 беше најфреквентна дестинација од Меѓународниот аеродром „Скопје“ до двата аеродрома ИГА и „Сабиха Гокчен“ со 16,6 проценти пазарен удел. Потоа следуваат Базел Милуз (6,2 проценти), Франкфурт (5,7 проценти), Цирих (4,5 проценти) и Минхен – Меминген (4,2 проценти).

Топ-5 земји до кои има најмногу директни летови се Германија (25,4 проценти пазарен удел во вкупниот патнички сообраќај), Турција (23,6 проценти), Швајцарија (10,8 проценти), Италија (5,5 проценти) и Шведска (4,3 проценти).

Од Меѓународниот аеродром „Скопје“ во моментот летаат вкупно 15 авиокомпании кон 49 дестинации, а од аеродромот „Св. апостол Павле“ во Охрид три авиокомпании летаат до 7 дестинации.

Според најавите на авиокомпаниите, од март годинава мрежата на авиолинии од двата македонски аеродрома ќе се зголеми со отворањето нови авиолинии и нови дестинации. – „Визер“ ќе почне да лета од Скопје до Неапол и ќе ја врати авиолинијата од македонскиот главен град до Будимпешта, а од Охрид ќе почне да лета до Милано. Во мај „Остријан ерлајнс“ ќе почне да лета од Охрид до Виена, а во јуни охридскиот аеродром ќе ги врати полските туристи во Охрид со отворањето на новата авиолинија од Вроцлав и враќањето на летовите од Катовице, информира „ТАВ Македонија“.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Златен глобус: Најмногу награди за филмот „One Battle After Another” и серијата “Adolescence”“

Следно

Утре е Стара Нова година и Василица

Latest from Blog

Трипуновски: Период од две години за земјоделците да се прилагодат на новите услови

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во своето гостување во „Наткаст“ информираше дека целта на новините во програмата е зголемување на земјоделското производство. „Една од новините што ги предвидува Програмата

Миноски: Зголемување на минималната плата на 600 евра ќе опфати 230.000 работници и ќе донесе 300 милиони евра во буџетот

Поранешниот министер за финансии, Кирил Миноски, во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4TV.mk, повика на носење одлуки базирани на податоци (evidence-based policy) наместо на политички препукувања во врска со висината на

Американец избодел до смрт деветгодишно девојче- на суд тврди дека „го контролирала НАСА“

Скебас ја нападнал малата Лилија Валутите додека таа си играла на улицата пред продавницата за вез на нејзината мајка во центарот на Бостон на 28 јули 2022 година. Во срцепарателна изјава прочитана

Трипуновски: Го пуштаат Филипче низ вода – да работеа СДСМ домаќински, немаше да остават неисплатени субвенции

Решени сме да воведеме ред и да поставиме една јавна дистинкција меѓу оние кои работат и произведуваат со оние кои манипулираат, порача министерот за земјоделство Цветан Трипуновски во „Наткаст“ на КУРИР со
Go toTop