На италијанскиот остров Лампедуса за 24 часа пристигнале 1.200 нерегуларни мигранти

November 15, 2023
1 min read

РИМ (АА) – Повеќе од 1.200 нерегуларни мигранти пристигнаа на италијанскиот остров Лампедуса во последните 24 часа, објавија денес италијанските медиуми, пренесува Анадолу.

„Моментниот број на нерегуларни мигранти во центарот за чекање на островот изнесува 1.430, а се очекува да бидат испратени во други региони“, објави телевизијата Раињуз 24.

Министерството за внатрешни работи со чамци ќе ги пренесе мигрантите во други италијански градови.

Според статистичките податоци на италијанското МВР, од 1 јануари досега во Италија пристигнале 147.239 нерегуларни мигранти. Минатата година нивниот број изнесуваше 92.881.

Лампедуса е прво копно на кое во Европа стапнуваат речиси 70% од мигрантите што доаѓаат по морски патишта.

На островот повремено се забележуваат засилени миграциски текови, а последниот се случи во периодот од 11 до 17 септември, со околу 11.000 нерегуларни мигранти.

Локалните власти прогласија вонредна состојба, а претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го посети островот за да го објави планот за поддршка на Италија.

Средоземното Море (Медитеранот) е важна маршрута за нерегуларните миграции кон Европа.

Чамците преполни со мигранти кои бараат помош обично ги спасуваат европските невладини организации наместо европските власти.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Србија од следната година добива 400 милиони кубни метри гас од Азербејџан

Следно

ВИДЕО: Претрес во Скопје, откриена лабораторија за производство на марихуана

Latest from Blog

Пирло е главен кандидат за селекторското место на Италија

ФОТО: FC Juventus/FB Легендата на италијанскиот фудбал, Андреа Пирло, е главен кандидат за нов селектор на Италија. Познатиот весник „Газета дело Спорт“ објави дека новата структура на италијанската федерација предводена од Паоло

ОВА Е ЖЕНАТА, РУСКИ ШПИОН, која била уфрлена кај Епштајн да ја следи западната политичка и бизнис елита

Агент на руската безбедносна служба ФСБ живеел со Епштајн со години, собирајќи компроматирачки информации и материјали за мировната елита и службениците, објави Le Monde и The Newsground. Покрај неговиот интерес за млади руски жени

Со 69 гласа изгласани се новите министри во Владата

Собранието попладнево со 69 гласа „за“, без ниту еден глас „против“ или „воздржан“, ја изгласа реконструкцијата на владиниот кабинет. Новите министри ја добија довербата од пратениците и во наредниот период ќе раководат

Ал-Наср во финансиски проблеми: Соиграчите на Роналдо добиле само пола плата за јуни

Ал-Наср, каде што игра Кристијано Роналдо, се соочува со финансиски тешкотии. Неколку од играчите на тимот наводно добиле помали плати од нивната целосна плата за јуни, но раководството на клубот работи на

Французин во Сингапур ја излижа сламката и ја врати меѓу чистите. СУДЕЊЕТО МУ Е ОДЛОЖЕНО (ВИДЕО)

Судењето на 19-годишен Французин обвинет дека се снимал себеси во Сингапур како лиже сламка од машина за сок, а потоа ја враќа во садот, е одложено бидејќи обвинителите се обидуваат да разјаснат
Go toTop