На гласачките ливчиња на вонредните избори во Србија 18 изборни листи

December 16, 2023
1 min read

БЕЛГРАД (АА) – Во Република Србија утре, 17 декември, ќе се одржат вонредни парламентарни избори, вонредни избори за Собранието на Автономна Покраина Војводина, вонредни локални избори за главниот град Белград и уште 65 локални самоуправи, известува Анадолу.

На парламентарните избори во Србија право на глас имаат 6.500.165 граѓани, на покраинските во Војводина 1.669.734, а на изборите во Белград 1.613.190, соопшти Републичката изборна комисија (РИК).

Гласачките места се отвораат во 7, а се затвораат во 20 часот. Доколку некој се затекне на гласачко место за време на затворање на гласачкото место или непосредно пред тоа, ќе му биде дозволено да гласа.

Република Србија, според важечкиот Изборен закон, претставува една изборна единица. Пратеничките мандати се распоредуваат пропорционално според бројот на освоени гласови. Во распределбата на мандатите за политичките партии од националните малцинства, доколку не го преминат изборниот цензус од 3%, важи „природен праг“, кој се добија кога бројката на важечки гласови ќе се подели со 250 пратеници за секое пратеничко место, што во зависност од излезноста на изборите, се движи меѓу 12.000 и 16.000 гласови. На овие избори учествуваат 7 изборни листи на националните малцинства.

Вонредните избори во Србија се распишани на барање на дел од опозициските партии, по повеќемесечни протести на граѓаните ширум Србија, незадоволни од одговорот на државата на двете масовни убиства во почетокот на мај во Белград и во околината на Младеновац, во кои настрадаа 19 луѓе, воглавно деца.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поплавени неколку објекти во центарот на Скопје

Следно

Одрони на патот Македонска Каменица – Кочани, паднати дрвја го попречуваат сообраќајот на патот Делчево – Берово

Latest from Blog

Драма на аеродром во Шкотска: Авион се судрил со камион за гориво, патниците итно евакуирани

Авион на „Рајанер“ се судри со камион за гориво на аеродромот во шкотскиот главен град Единбург, поради што патниците беа евакуирани. Авионот требало да лета за Фаро, Португалија во 10 часот наутро.

Сајкоски: По години застој, автопатот Кичево-Охрид набрзо ќе донесе побрз транспорт и регионален развој

Денес остваривме теренска посета на патниот правец Кичево-Охрид, со посебен осврт на делницата кај Пресека, заедно со министерот за транспорт и врски, Александар Николоски и директорот на Јавно претпријатие за државни патишта,

Божиновска: Нема да има прекини во греењето, државата има доволно резерви на мазут

Граѓаните нема да почувствуваат никакви прекини во снабдувањето со топлинска енергија, иако ЕСМ побара прогласување кризна состојба. Министерката за енергетика, Сања Божиновска, денеска на брифинг со новинарите порача дека државата има доволно
Go toTop