На форумот во Истанбул се дискутираше за улогата на медиумите во преобликувањето на семејните вредности

May 23, 2025
3 mins read

ИСТАНБУЛ (АА) – Првиот ден од Меѓународниот семеен форум во Истанбул заврши вчера со панел насловен „Меѓу фикција и реалност: Семејството во културата, уметноста и медиумите“, јавува Анадолу.

Настанот, кој трае два дена, се одржува под покровителство на Министерството за семејство и социјални услуги на Турција, во рамките на иницијативата „2025 – Година на семејството“.

Агенција Анадолу е глобален комуникациски партнер на форумот.

Заменик-генералниот директор и главен уредник на Анадолу, Јусуф Ожан, кој го модерираше панелот, нагласи како концептот на семејство е претставен во денешниот свет преку уметноста, медиумите и културата.

Ожан рече дека е анализирана интеракцијата меѓу овие претставувања, социјалните платформи, јавната перцепција и реалниот живот.

На панелот беше дискутирано и како уметноста и медиумите може да се искористат за зајакнување на семејните вредности и за решавање на семејните проблеми.

Татјана Мацура, министерка без ресор задолжена за родова еднаквост, спречување на насилство врз жени и економско-политичко зајакнување на жените, изјави дека кога се зборува за семејството во просторот помеѓу фикцијата и реалноста, не може да се игнорира фактот дека фикцијата – преку филмови, серии, реклами или социјални мрежи – често има поголемо влијание врз перцепцијата за семејните односи од реалноста.

Мацура предупреди дека модерните медиуми често прикажуваат искривени семејни улоги, особено префрлајќи несразмерни одговорности врз жените, додека мажите се маргинализираат.

Таа посочи дека гламурозните и нереалистичните претстави – чести во ТВ-сериите и на социјалните медиуми – ги поткопуваат семејните односи во реалноста и предизвикуваат емоционална нестабилност во домаќинствата.

Таа повика на создавање културна содржина што ќе промовира заемна одговорност и реални модели на заеднички семеен живот.

Мацура ја нагласи и моќта на дигиталниот простор.

„Денес онлајн светот главно е нерегулиран и обликуван е од интересите на приватните компании, а не од грижата за благосостојбата на децата. Родителите мора да бидат свесни за она што им се пласира на нивните деца – не само од грижа туку и од одговорност“, рече таа.

„Нека биде јасно: културата и медиумите не се неутрални набљудувачи на семејниот живот – тие се негови архитекти. Наша задача, како носители на одлуки, е да одредиме каков тип семејства ќе постојат не само во реалноста туку и во имагинацијата на милиони – бидејќи денешната имагинација ја создава утрешната реалност“, додаде Мацура.

Омер Дахаб Ф. Мохамед, амбасадор задолжен за специјални задачи на американската организација „Фемили Воч Интернешнл“, нагласи дека заштитата на семејната единица е од витално значење за зачувувањето на културниот континуитет.

Тој им се заблагодари на учесниците и додаде дека зачувувањето на семејните и културните вредности е суштинско за глобалниот мир и социјалната солидарност.

Заменик-министерот за развој на населението и семејството на Индонезија, Укик Кусума Курнијаван, нагласи дека уметноста и медиумите играат клучна улога во обликувањето на семејната структура.

Тој ја презентираше визијата „Златна Индонезија 2045“, во која се вклучени стратегии за спречување на детските бракови, подобрување на здравјето на децата и поддршка на грижата за постарите лица.

Курнијаван посочи дека новите вредности што ги носи глобализацијата го предизвикуваат традиционалното семејство, при што ја истакна важноста на улогата на верските и социјалните лидери во зачувувањето на семејните норми.

Ипек Џошкун Армаган, генерална координаторка на Институтот Соушал, ја претстави Конвенцијата за правата на децата во дигиталниот свет – документ со 13 члена чија цел е да ја пополни празнината што постои во постојната Конвенција на ОН за правата на детето, каде што не се споменува дигиталната средина.

Армаган рече дека откриле оти Конвенцијата на ОН за правата на детето не вклучува никаква референција за дигиталниот свет.

Конвенцијата е достапна на повеќе јазици, а Армаган ги покани присутните да ја потпишат преку QR-код прикажан на панелот.

Таа, исто така, ги поврза демографските предизвици на Турција со политиките за планирање на населението од минатите децении и предупреди дека дигиталните алатки и вештачката интелигенција го менуваат семејниот живот, префрлајќи одговорности на машини и платформи.

Кубра Бајрактар, генерална менаџерка на Здружението за содржини за деца, рече дека нивната организација соработува со клинички психолози за анализа на медиумски содржини и подобрување на дигиталната писменост кај децата. Таа истакна дека многу семејства се жалат поради негативните ефекти од штетната онлајн содржина.

„Никој не е совршен родител и ние не го тврдиме тоа. Но мора да бидеме присутни и проактивни за да ги водиме нашите деца“, рече Бајрактар.

Унер Карабијик, претседател на Управниот одбор на Фондацијата за семејство од Истанбул, ја критикуваше популарноста на турските серии во странство.

Тој спомена истражување спроведено со 1.600 жени, кое покажало дека дневните ТВ-програми ја намалуваат брачната сатисфакција и ја ослабуваат емоционалната интимност меѓу сопружниците.

„Овие програми водат до авторитарни ставови, зголемена употреба на социјалните медиуми и намалена психолошка и духовна благосостојба“, предупреди Карабијик.

Форумот продолжува во петок со панели „Да се биде семејство во ерата на екраните“ и „Митот за пренаселеност: Како една глобална агенда придонесе за падот на населението“.

На завршната сесија се очекува да зборува претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Форумот има цел да ги обедини високите претставници, експертите и засегнатите страни во заштитата и унапредувањето на институцијата на семејството и бракот, зачувувањето на генерациите и стабилната популациска структура.

Настанот има цел да понуди конкретни иницијативи за утврдување заеднички став за заштита на семејните вредности на меѓународно ниво.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

УЕФА се извини за недостатокот на медали на доделување на наградите во Лигата на Европа

Следно

Димовска: Парламентарната дипломатија и регионална соработка се незаменливи алатки за градење мир и напредок

Latest from Blog

ВИДЕО: Воз што превезувал гас експлодираше во главниот град на Литванија

Вилнус, главниот град на Литванија, денес издаде наредба за евакуација на жителите во радиус од еден километар од железничката станица, откако воз што превезувал течен нафтен гас (LPG) се запалил и експлодирал

Успешно завршен проект за водоснабдување на ул. „Сру“ во Битола

Јавното комунално претпријатие „Водовод“ – Битола успешно го заврши проектот за изградба на нова водоводна линија на улицата „Сру“ бр. 5. Во рамки на проектот се поставени современи полиетиленски цевки со нови

Формиран е Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот

Владата вчера ја усвои Одлуката за формирање на Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот, со што се предвидува дополнителна алка на врвот на координациската структура, покрај Националната комисија за

Божиновска најавува иновации во енергетиката со поддршка од IFC

Денеска, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Божиновска, оствари продуктивна средба со г-дин Марсело Кастељанос, регионален менаџер за Југоисточна Европа на International Finance Corporation (IFC), задолжен за активностите во Романија, Хрватска,

Во Лондон се отвора архива за животот и кариерата на Дејвид Боуви- ќе има над 90.000 предмети

Од сабота, обожавателите и истражувачите заинтересирани за покојната британска музичка легенда ќе можат да видат околу 90.000 предмети со закажување во Центарот Дејвид Боуви во V&A East Storehouse во источен Лондон. Наречен
Go toTop